Реклама
Хороскоп

Годишен хороскоп за 2018 – астро прогноза за сите знакови

Реклама

 

РАК (21 ЈУНИ – 20 ЈУЛИ)

Маркетинг

Оваа година ќе ви започне со поголемо ниво на оптимизам и позитивност, а ќе бидете исполнети и со повеќе среќа и богатство. Самодовербата ќе ви се зголеми и ќе успеете да пронајдете хармонија во секојдневието. Помеѓу март и јули можни се некои мали проблеми во вашата кариера. Но, наредниот период ќе се соочите со добивка.

ЉУБОВ

Маркетинг

Кога станува збор за љубовта, следете ја вашата внатрешна интуиција. Зборувајте повеќе и остварувајте транспарентност во односите со вашиот партнер. Нетрпението не би било во ваша корист. Држете контрола над она што го работите, затоа што лесно можете да ги повредите чувствата на вашиот партнер. Исто така контролирајте ги вашите желби и емоции и обидете се повеќе да ја разбирате личноста до вас. Крајот на годината ќе ви донесе храброст и шарм за да можете да привлечете клучни потенцијални партнери.

КАРИЕРА

Оваа година ќе имате многу работа, при што понекогаш работите може да излезат од контрола. Обидете се да најдете баланс со вашите колеги и надредени. Ако сакате да ја промените работата или позицијата, тогаш оваа година би била поволна за тоа. До последниот квартал на годината би било добро да научите некои нови вештини кои би ви помогнале во вашата кариера.

ПАРИ

Во првата половина од оваа година може да се соочите со непосакувани трошоци. Иако ова би можело да ве вознемири, тоа би можело да ве научи подобро да управувате со буџетот. Затоа, внимавајте на трошењето. Средината на годианта би можела да ви донесе некои трошоци врзани за средувањето на куќата или за вас лично. Не трошете премногу пари на забава, затоа што може да наидете на проблеми.

ЗДРАВЈЕ

Оваа година ќе имате добро здравје, но потребно е повеќе време да одвоите за физичко и ментално одморање. Помладете го својот дух секогаш кога ќе имате прилика за тоа. Останете активни и јадете здраво. Бидете позитивни и дозволете си да бидете опкружени со оптимизам. Пронајдете рамнотежа помеѓу работата и забавата.

ЗАКЛУЧОК

Оваа година ќе имате повеќе финансиски трошоци, но со добро планирање ќе успеете да ги решите сите проблеми.

ЛАВ (21 ЈУЛИ – 21 АВГУСТ)

Оваа година материјалната страна ќе ви биде во прв план. некои од вас може да се откажат од некои свои стари навики. Јупитер и Сатурн ќе ви помогнат да бидете во центарот на вниманието во текот на целата година. Оваа година ќе дојде до значајни проблеми во вашиот личен и професионален живот. Оваа година ќе работите напорно, но трудете се да ја држите под контрола вашата чувствителност, затоа што таа може да ви пречи за да напредувате.

ЉУБОВ

Оваа година љубовниот живот ќе ви биде одличен. Оние кои се во врска ќе бидат сведоци на многу големи промени во нивниот љуобвен живот. Обидете се да го промените начинот на кој ја изразувате љубовта. Сфатете дека повремено мора да правите компромис со вашиот партнер, за да имате повеќе романтика во заедничкиот живот. Не дозволувајте да имате прекин во комуникацијата. Оваа година можни се многу романтични средби, а на вас останува да го одберете вистинскиот избор.

КАРИЕРА

Во текот на оваа година ќе забележите неколку падови и подеми. Краткорочните цели ќе ви бидат исполнети. Планирајте ја иднината и не дозволувајте да ви влијаат моменталните потешкотии. Прецизирајте, повторно дефинирајте и добро размислете за секој чекор, со цел да ги звршите навреме своите проекти. Првата половина од оваа година би можела да биде многу тешка, но втората веќе ќе почувствувате стабилност и оптимизам на професионален план.

ФИНАНСИИ

Финансиската стиација ќе ви биде подобра од претходната година. Иако може да имате некои ограничувања, сепак, речиси целосно би можеле да си ги исполните вашите желби. Во оваа година од вас се бара трпение и смиреност. Не донесувајте брзи одлуки и мирно однесувајте се во секоја ситуација. Бидете подготвени и за непредвидливи трошоци.

ЗДРАВЈЕ

Оваа година можни се некои слабости, како физички, така и ментални. Вратете ѝ се на природата и на нејзинтие благодети, со цел да го освежите вашиот дух. Некоја добро организираниа диета, како и вежбање, би можело да ви помогнат да се чувствувате подобро.

ЗАКЛУЧОК

Ќе имате одлични резултати во кариерата, но бидете повеќе внимателни со вашето здравје.

ДЕВИЦА (22 АВГУСТ – 22 СЕПТЕМВРИ)

Оваа година ќе имате премногу активности и задачи кои треба да ги завршите, некои ќе треба да ги започнете, а други да ги завршите. Бидете внимателни кога ги планирате вашите пари и држете се цврсто до своите обврски и должности. Можни се и добри добивки, но чувајте се од непредвидени трошоци. Севкупно, оваа година ќе биде позитивна.

ЉУБОВ

Девиците оваа година ќе забележат унапредување на своите љубовни односи. Оние кои се слободни оваа година ќе ја пронајдат љубовта која одамна ја бараат. Некои еротски и сензуални моменти се на вашиот пат. Нивото на привлечност ќе ви биде зголемено, при што може да ви помогне да се врзите целиот свој живот. Обидете се да направите добар баланс помеѓу романтиката, забавата и практичната страна на животот.

КАРИЕРА

Оваа година повеќе ќе бидете посветени на работното место. Тимската работа ќе ви помогне да ги исполните своите професионални цели. Некои Девици ќе ја променат и работата. Можни се и унапредувања, но бидете внимателни и одговорни доколку сакате да ја сочувате вашата позиција.

ФИНАНСИИ

Оваа година ќе имате значајни промени на финансиски план. Пријателите и роднините ќе ви бидат голема инспирација за да заработите повеќе пари. Но, можете да имате и некои дополнителни трошоци врзани за децата или постари членови во вашето семејство. Не дозволувајте вашите емоции да владеат со вашите финансии.

ЗДРАВЈЕ

Оваа година ви треба повеќе време за одмор, опуштање и помладување. Земете кратка пауза и отидете на некое патување, со цел да се наполните со позитивна енергија. Бидете сигурни дека и оваа година со вас ќе владее оптимизмот. Совет: Секогаш е подобро да делувате превентивно, отколку потоа да се лечите.

ЗАКЛУЧОК

Само внимателноста може да ви биде најголемата скала кон успехот оваа година.

Премини  на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2 3 4Следна страница

Поврзано

Back to top button