Реклама
Хороскоп

Енергична, но многу брзо и здосадува сé – астролошки профил за жена Близнаци!

Реклама

Оваа жена е енергична и возбудлива, но многу брзо ѝ здосадуваат работите.

bliznak1

Таа постојано е во потрага по нешто ново и многу ја цени разновидноста. Таа најверојатно има повеќе интереси, но ниту еден од нив не ѝ го задржува вниманието подолго време. Нејзината ментална комплексност понекогаш е погрешно сфатена и поради тоа ја сметаат за дволична и плитка, но таа секогаш длабоко размислува. И покрај тоа што премногу размислува, нејзината негативна страна е што премалку чувствува. Но, како и секоја друга негативна особина и оваа има еден вид позитивна страна. Жената-близнаци никогаш не е премногу емоционална и покрај неа никогаш нема да се чувствувате како да ве „загушува“. Таа нема да се обидува да ве контролира и секогаш ќе ви дава многу слободен простор.

Маркетинг

Стрелецот е како мало дете, Близнакот е површен – карактеристики кои можат да ви го уништат бракoт>>>

Во љубовта таа е шармантна и мудра, но истовремено и директна и флексибилна. Нејзиниот едноставен карактер многумина го сметаат за привлечен, но тоа не значи дека таа може да биде лесно заведена. Нејзината двојна природа е секогаш јасно видлива. Во еден момент може да биде расположена за буквално секој, но веќе во другиот момент таа сака да биде оставена на раат. За да ја заведете мора да размислувате надвор од вообичаеното. Размислете за целиот ваш пристап и прилагодете ги вашите способности и убедувања. Таа веднаш ќе забележи секаков вид несигурни или плитки обиди за да ја освоите. Доколку ве прочита, големи се шансите дека ќе се ви се изнасмее во лице за вашиот неуспех.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница

Поврзано

Back to top button