Реклама
Наши ѕвезди

Еве од кого нашата позната пејачка си ја доби најемотивната честитка за својот роденден

Најдобрата, но и најзгодната баба во Македонија

Реклама

Познатата поп-фолк пејачка Даниела Темелковска денес слави роденден, а една честитка има посебно значење за неа.

Имено, Даниела која веќе со децении важи за една од нашите најпознати, но и најубави пејачки, сподели неколку честитки што ги доби од пријателите и обожавателите преку социјалните мрежи.

Таа не крие колку и значи поддршката што ја добива од својата публика, но и од најблиските кои овој ден и го направија уште поубав.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Даниела Темелковска

На нејзиниот Инстаграм профил се нижат честитки од фановите, но таа посебно внимание привлече со честитката од нејзиниот син кој со кратка, но емотивна порака реши да и го честита роденденот.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Даниела Темелковска

Потсетуваме, нејзиниот син Даниел Блажевски тргна по стапките на својата мајка, а многу пати се случува и да настапуваат заедно.

Тој сега сподели една заедничка фотографија на која напиша „Среќен роденден Мајка“, со едно срце и ја означи својата мајка.

Фото: Инстаграм/ Даниела Темелковска

Инаку, Темелковска веќе со децении важи за една од нашите најпознати, но и најубави поп-фолк пејачки.

Фото: Инстаграм/ Даниела Темелковска

Роденденска честитка од внуката

Нејзиниот син минатата година ја даруваше со внукичка, така што сега таа важи и за една од најзгодните баби на нашата естрада.

Во една пригода поразговаравме за оваа нова улога во нејзиниот живот, за што познатата пејачка ни откри дека по доаѓањето на малата Јана некако сите станале подобри луѓе така што сега нивните души уште повеќе се исполнети со милина и љубов.

Фото: Инстаграм/ Даниела Темелковска

„Слободното време го поминувам со мојата внука Јана, таа е најтоплата прегратка, ја има најубавата насмевка и најмилите очи“, ни откри тогаш Даниела за својата внука.

Целото интервју со неа прочитајте го тука

Фото: Инстаграм/ Даниела Темелковска

Фото: Инстаграм/ Даниела Темелковска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button