Реклама
Наши ѕвезди

Војо да беше жив ќе беше горд на својот син Дамјан кој продолжи со песна да ја шири вистината за Македонија

Еве како Спасен и Дамјан со песна испеана од душа ја шират вистината за Македонија

Реклама

Одлична забава, гостите воодушевени

Дамјан Стојаноски и Спасен Силјаноски направија одлична забава што може да се види и од видеото што исплива на социјалните мрежи.

Овие двајца млади пејачи важат за едни од омилените, а посебно се барани и обожавани се кај нашинците од дијаспората.

Маркетинг

Тоа впрочем може да се забележи и од видеата што тие ги споделија на Фејсбук и Инстаграм од нивниот заеднички настап во Диселдорф.

Маркетинг
Инстаграм/ Дамјан Стојаноски

Имено, тие за велигденските празници гостуваа во Германија, а со нив беше и познатата фолк-пејачка Анета Љумаковска.

Како изгледаше дел од атмосферата додека Спасен заедно со синот на Војо Стојаноски, Дамјан Стојаноски, ги пееја најпознатите македонски песни, погледнете во продолжение…

Инстаграм/ Дамјан Стојаноски

Потсетуваме, на 6 мај пред точно 10 години почина еден од нашите најпознати пејачи на народна музика, Војо Стојаноски.

Принтскрин/ Јутјуб

По тој повод се огласи неговата сопруга, новинарката Евица Камберова – Стојаноска која напиша на социјалните мрежи:

„Една деценија Ѓурѓовден ме потсетува на мојот најтажен ден. Денот кога замина во вечноста. Благословени се спомените на тебе. Твоето отсуство ни го ублажуваат многубројните песни што ги остави зад себе. Вечна ти слава . Ти си песна што ќе трае…“ напиша Евица на својот профил на Фејсбук.

Инстаграм/ Дамјан Стојаноски

Инаку, да беше сега жив Војо сигурно ќе се гордееше на својот син кој продолжи да чекори по неговиот пат и со песна да ја шири вистината за Македонија и за нејзиното битисување.

А како тоа Дамјан го правеше овој пат заедно со Спасен, погледнете од видеото што следува…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button