Реклама
MAMAБебиња

5 знаци дека сте го избрале вистинското име за вашето бебе

Реклама

Некои идни мајки и татковци имаат омилени имиња многу време пред да се роди бебето, а некои пак се премислуваат повеќе пати во текот на бременоста и не се сигурни за името дури ни откако ќе се роди бебето. Покрај многу предомислувања и несигурности, избирањето име за вашето бебе може да биде на некој начин стресна ситуација.

ФОТО: elitereaders.net

Погледнете по кои знаци ќе дознаете дали сте ја донеле вистинската одлука.

Предизвикува насмевка

Кога ќе кажете кое име сте го избрале, повеќето луѓе се насмевнуваат. Името не предизивкува чудење и чудни погледи.

Маркетинг

Го поврзувате со вашето бебе

Името му прилега на бебето, но и како возрасна личност, без разлика дали вашето дете ќе порасне во рок ѕвезда или претседател на државата.

Има посебно значење за вас

Ако детето го крстите спред одредена драга личност за вас, името ќе има посебно значење за вас, без разлика дали станува збор за вашата мајка, баба или омилен лик од книга.

Маркетинг

Сакате да го изговарате

Името совршено одговара со вашето презиме и едвај чекате да почнете да го користите пред детето и пред сите други.

Му прилега на вашето дете

Кога прв пат ќе го здогледате своето бебе, едноставно знаете дека сте го направиле вистинскиот избор.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button