Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Заводливи и силни, жените Бик се едни од најверните сопруги

Реклама

Најголемата сила на жената Бик лежи во нивната чувствителност и трпеливост. Имаат благ карактер, но тоа не значи дека со нив можете да манипулирате. Жените Бикови тежнеат кон рамнотежа и сигурност и затоа многу често избегнуваат да го покажат совјот темперамент.

ФОТО: pxfuel.com

Тие ја сакаат природата и најмногу од се’ сакаат да живеат во угодности и разнобојни опкружувња. Оваа жена не е голем авантурист и не сака да ризикува, затоа што не знае многу добро да се справи со наглите промени. Подобро функционира во ртина и затоа никогаш не бара големи животни промени.

Како и да е, оваа жена е една од најверните и најпосветените сопруги. Никогаш не изневерува, а од особено значење ѝ е што подобро да го запознае својот партнер пред да се впушти во посериозна врска, па и брак. Но, еднаш кога ќе се посвети на бракот и на партнерот, најверојатно тоа останува засекогаш. Мажот кој сака да ја освои оваа жена мора да биде спремен на многу додворувања и заводувања, зашто тоа е патот до срцето на оваа жена. Многумина кои го доживеале искуството да заведуваат една ваква дама, ја опишуваат жената Бик како воодушевувачка љубовница.

Маркетинг

Своите партнери честопати ги изненадуваат со својата виртуозност во креветот. Сексот го доживуваат како земја од фантазијата во која бегаат од земскиот живот. Страствена и нежна, жената Бик ќе го разгали својот партнер во спалната соба, но и надвор од неа. Љубовните односи ги зачинуваат со секси разговори и лукави заводувања. Сепак, помалку важно ѝ е што зборува партнерот, а најважни ѝ се неговите дела. Во љубовта најдобро се сложува со Ракот, Девицата, Јарецот и Рибата.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button