Реклама
Интервју

Запознајте ја девојката која стои зад македонскиот бренд Simple

Реклама

Интервју со Ана Настевска, сопственичка и дизајнерката зад Simple

Simple. е креативно студио каде неконвенционалните идеи се претвораат во производи за секојдневна употреба. Тука може да најдете минималистички и комплетно препознатливи парчиња за вас и вашиот дом. Перничињата, несесерите, пижамите и сите останати производи од ткаенина се изработени од 100% органски памук, што е уникатен производ на нашиот пазар. Без разлика дали барате подарок, или декорација за вашиот дом или нешто практично како шоља за кафе, во ова студио ќе имате одличен избор. Дизајните даваат предност на минималистичката, clear-cut естетика на светол, весел и разигран начин.

Маркетинг

Пет прашања и пет фотографии со прекрасната Јована Зука >>

Маркетинг

Освен во самото студио Simple. се достапни и во онлајн продавница (www.simple.mk), а студиото лесно може да го најдете во центарот на Скопје, блиску до Соборниот Храм. 

Овој пат, позборувавме со Ана Настевска, сопственичка и дизајнерката зад македонскиот бренд Simple. Таа ни кажа малку за почетоците и предизвиците со кои се соочила во скоро едната година како го раководи студиото.

Која беше идејата за отворање на студиото?

Огромната желба за креативна слобода е можеби главната причина. Да уживаш во процесот на создавање и пресликување на една идеа во конечен производ е нешто кое не успеав да го најдам во кутијата наречена маркетинг агенција. Simple. се роди во едно срцебиење, од идеа до реализација. Од самиот старт знаев дека сакам да воведам нешто кое го нема на нашиот пазар, а тоа е 100% органскиот памук. Сите други креативни притоки многу лесно се вклопија во главното течение на мојата замисла.

Пет прашања и пет фотографии со Ирина Тошева, една од нашите омилени дизајнерки >>

„Она што ме прави сигурна дека сум на прав пат е насмевката и задоволството на потрошувачот. “

Како е да создаваш уникатен бренд на нашиов скромен пазар?

Simple. е бренд доенче, но супер се развива. :) Многу се радувам што за само една година одлично се позиционираше на пазарот. Стекнува многу пријатели и добива секојдневна љубов. Па така и добива сила да расте и да ја раскажува својата визија. Градење бренд од нула е навистина тешко, посебно на нашиот пазар, но со силна желба и постојана работа нема препрека која ќе остане непрескокната. Сметам дека кога нешто е уникатно, квалитетно и со супер приказна, сигурно ќе остави впечаток.

„Од самиот старт знаев дека сакам да воведам нешто кое го нема на нашиот пазар, а тоа е 100% органскиот памук. “

Секој креативец има свој процес на работа. Како стигнуваш од идеја до финален продукт?

Процесот ми започнува со некое чувство кое се создава за секоја следна колекција. Подоцна се обидувам да си го визуализирам тоа што го чувствувам низ бои, форми, милион комбинации. На ред доаѓаат скиците за секој дизајн посебно, па на крај нивната финална обработка. Добивам инспирација од се околу мене, па прилично ми е лесно да стигнам од точка А до точка Б.

Од каде можеш редовно да црпиш инспирација?

Морам да признам дека сум ноќна птица, најчесто после 22 часот ми се случува неверојатен креативен бум, затоа и знам да заглавам на компјутер до раните утрински часови. Ги сумирам сите слики и разговори кои ми се случиле преку ден, па вечерта ги преточувам во некаква креатива. Главната инспирација ја црпам од своето секојдневие и опкружување.

Пет прашања и пет фотографии со Билјана Радиновска, режисерката на култната претстава „Да го поздравиш и да ми го бациш“ >>

Ако си ја споредиш работата од самиот почеток до сега, колку и како би рекла дека имаш напредувано?

Како дизајнер лично имам напредувано многу низ годините, искуството и постојаното надградување на моето знаење вродиле проекти на кои сум исклучително горда. Simple. е мојата најголема гордост, моето катче каде го пронаоѓам својот мир, извор на енергија и сила, тука сум своја. Го љубам она што го работам и мислам дека тоа се рефлектира во финалниот производ, без разлика дали тоа е за брендот или пак за некој надворешен клиент. Она што ме прави сигурна дека сум на прав пат е насмевката и задоволството на потрошувачот.

Не е лесно да се биде модна блогерка! Бара огромна посветеност и откажување (интервју со Дани Ѓуровска) >>

Дали имаш омилено парче или омилен проект на кој си работела?

Ќе звучам клише, но искрено немам фаворит. Сите проекти и производи ми се на свој начин драги, бидејќи од секој еден сум научила нешто ново и сум создала нешто различно.

Пет прашања и пет фотографии со Mилош Б. Андоновски: „Се заситивме од гледање турски серии на театарската сцена“ >>

Како ти се плановите за во иднина?

Планови има многу, среќа има и време. Секако мојата најголема желба е Simple. да порасне во голем бренд и да се прошири неговата приказна. Спремаме нови производи, малку поразлични од она на кое се навикнати нашите клиенти, па се надевам дека и тие ќе бидат супер прифатени. Фактот дека нудиме 100% органски памук и производи од еколошки карактер е она што не издвојува, не прави поразлични и поатрактивни за нашите клиенти, па се надевам дека нашата визија ќе стигне до сечиј дом.

Пет минути со Ивана Лисак, мејкап артистка за Ланком: „Ако немате многу време најдобро е да поработите на изгледот на кожата“ >>

Фотографија и текст: Ерина Богоева

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button