Реклама
Интервју

Не е лесно да се биде модна блогерка! Бара огромна посветеност и откажување!

Реклама

На кафе муабет со Дани Ѓуровска …

Едно од поинтересните имиња што во последно време се издвојува на нашата модна сцена е името на младата дизајнерка Дани Ѓуровска од Скопје, која до пред извесно време беше дел од модниот блог Fashion DNA, а потоа продолжи со самостојна дизајнерска кариера.

Маркетинг

Дани студира дизајн и инженеринг на облеката на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, а како завршен испит во рамките на студентската ревија годинава, таа ја прикажа својата прва капсулна колекција насловена како Marble (Мермер). Нејзините парчиња се претпознатливи по уникатниот принт на самиот текстил и се одликуваат со софистицирана и строго женствена естетика. Оваа година беа презентирани и на Модниот викенд Скопје како дел од ревијата на идните дизајнери и биотехнолози на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, насловена како „Ритам и наука“. Со Дани се сретнавме во едно од нејзините омилени места, кафе барот Кино Карпош, каде во релаксираниот амбиент поразговаравме за нејзината колекција, но и за нејзиното искуство како модна блогерка, како и за капмањата на C-Thru која во моментов се одвива на Интернет во која токму таа е активно вклучена.

Оваа година на Модниот викенд Скопје се случи твоето прво претставување пред публиката на овој престижен моден настан. Како ти го доживуваш Модниот викенд во Скопје и какво е неговото влијание врз развојот на кариерата на нашите дизајнери?

Маркетинг

Фото: FWSK

Како млад дизајнер можам да кажам дека искуството кое го добив е од одгромно значење. Да се биде од другата страна на модниот викенд, а не како гостин направи да имам една друга перцепција за самиот настан. Целиот „хаос“ и возбуда во backstage беше многу интересно да се биде дел од тоа. Модниот викенд е без дилема најважен моден настан кај нас. Се дава големо значење на истиот и тоа така треба да продолжи. Оваа сезона имаше и доста млади нови дизајнери кои тек следи да се докажат меѓу кои и јас и моите колеги, за кои морам да кажам дека имаат многу потенцијал и сум горда што сум дел од таа група на креативци. Морам да напоменам дека нашиот ментор и професорка Лидија Георгиева беше таа која ни овозможи да за прв пат студенти од мојот факултет се прикажат на моден викенд и да ја покажеме нашата работа и на пошироката публика во модниот свет.

Фото: Лука Радовиќ

Како ја подготвуваше твојата колекција? Дали работиш плански и систематски или создаваш според некој свој принцип на креативен хаос?

Бидејќи на предметите кој ми ги предава професорката Лидија учиме планско создавање на колекција секогаш тргнувам од таму, односно ги поминувам сите фази на барање инспирација, истражување, правење mood board …но морам да кажам дека се што работам не поминува без тој принцип на креативен хаос бидејќи на тој начин сум најефективна најдобро се инспирирам и се воспостави дека кога работам под притисок изегуваат најдобрите парчиња облека.

„Самата кампања на CTHRU и оранизирањето на други модни настани каде блогерите се многу важен фактор зборува за тоа дека одиме во нагорна линија“

На македонската модна сцена си веќе подолго време, прво како модна блогерка, а потоа и како млада дизајнерка. Дали гледаш некои промени на модната сцена? Дали сметаш дека работите одат на подобро или пак за жал на полошо?

Промени можам да кажам и дека нема премногу, има нови дизајнери и тоа не само на облека и тоа ме радува. Во врска со модните блогери секогаш сум тврдела и стојам до тоа дека луѓето кај нас не ги прифаќаат баш најдобро, но исто така можам да кажам од лично искуство дека сме чекор напред. Самата кампања на CTHRU и оранизирањето на други модни настани каде блогерите се многу важен фактор зборува за тоа дека одиме во нагорна линија. Треба сеуште да се работи и не е лесно да се биде блогер, тоа бара да си оформен како личност со споствен стил кој се разбира во мода следи модни трендови и случувања но и да си приземен. Кај нас не може ниту една од девојките да мисли дека преку ноќ ќе ја добие онаа слава која ја имаат светските блогерки. Тоа бара огромна посветеност и откажување од многу други работи иако можда навидум не е така.

Дали денес модните блогери и модните дизајнери имаат многу повеќе можности за своја промоција и развој во однос на ситуацијата на пример пред две-три годнии?

Ќе се надоврзам и на претходното прашање, да секако. Но, мислам дека треба уште многу работи да се променат за да бидеме на некое повисоко ниво. 

{youtube}RswGj7iam7s{/youtube}

„Модниот викенд е без дилема најважен моден настан кај нас. Се дава големо значење на истиот и тоа така треба да продолжи.“

Сепак, блогерството не го напушти целосно, туку од неодамна отвори и свој самостоен блог. Колку време си блогерка, а колку дизајнерка, или овие две работи се неразделно испреплетени за тебе? Какво влијание има блогерството врз развојот на твојата кариера? 

За тоа колку време сум блогерка или дизајнерка не можам да кажам точно како што и гласи прашањето јас овие две работи сега веќе не можам да ги одвојам, двете ме исполнуваат на различен начин, а сепак се за мене една целина. Имам уште многу да се надоградувам за да го достигнам тоа што ми е замислено и во двете полиња. Блогерството ми помогна да влезам во светот на модата и уште пред да слушнат за мојата работа како дизајнерка, многу луѓе ме познаваа од модните настани што ги посетувам и кои многу ми помогнаа да осознаам дека токму ова е она што го сакам.

Во моментот си и дел од новата кампања на C-THRU Make a statement која во моментов се одвива на Инстаграм во Македонија. Ќе ни кажеш ли нешто повеќе за оваа кампања и која е нејзината цел?

Кампањата на CTHRU ми беше поттик да се решам да го отворам блогот (www.dgjurovska.wordpress.com ). Девојките имаат уникатна можност преку постирање на слика со омиленот оутфит  на нивниот инстаграм и facebook профил со хаштаг  #CTHRUMAKEASTATEMENT и #CTHRUMAKEDONIJA да станат потенцијалната девојка која на крајот од месецот ќе добие награда односно целосен стајлинг од Зара во износ од 8000 денари, а три од учесничките ќе добијат подароци  C-THRU-Tender Love. Само не треба да го заборават единствениот услов – со постирање на фотографијата и хаштаговите треба профил да е јавен со цел да фотографијата биде дел од изборот.

Едно неодминливо прашање – кои наши и светски дизајнери ти се допаѓаат?

Од омилените светските дизајнери би ги издвоила „Iris Van Herpen“ и „Delpozо“, а од македонските – Јована Филиповиќ.

Да се вратиме на твоите креации. За каков тип на девојки/жени се наменети твоите модели?

Фото: FWSK

За храбра и смела девојка која има изградено свој стил и знае што сака. 

Фото: FWSK

Каде го гледаш твојот бренд во иднина?

Искрено би сакала да имам свое модно ателје секако и во Македонија, но тоа не е мојата цел, гледам малку подалеку од тоа и се надевам дека ќе имам можност да се пласирам како дизајнер и во светски рамки.

# MAKE A STATEMENT

Во соработка со познатиот бренд C-THRU ве повикуваме да бидете дел од новата кампања MAKE A STATEMENT преку која ќе треба да го покажете вашиот уникатен моден стил и омилените трендови за оваа есен, а за тоа ќе добиете супер подароци. Се што треба да направите за да учествувате во конкурсот е да изберете ваша модна комбинација која ќе ве одвои од останатите и која најдобро го претставува вашиот стил, и истата да ја објавите на Инстаграм или Фејсбук користејќи ги хаштaговите #cthrumakeastatement  и #cthrumakedonija. Победничките ги очекуваат сјајни подароци – вредносен ваучер за шопинг во продавницата на Зара во вредност од 8000 денари (друштво во овој шопинг ќе ви прават Александра од „Majestic by Alex“ и дизајнерката Дани Ѓуровска), како и три пакетчиња од новата линија C-THRU Tender Love. Само не заборавајте дека вашиот профил на Инстаграм треба да биде јавно достапен (PUBLIC) како би можеле да ги видиме фотографиите што ќе ги објавите со дадените хаштагови.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button