Диети

Викенд диета: за само 2 дена 2-3 килограми помалку

Реклама
Реклама

Многу луѓе се жалат дека не можат да држат диета бидејќи одат на работа.

Цел ден не се дома, поради самиот тип на работата и поради работните обврски, состаноци и т.н. не можат да посветат внимание на тоа што и колку јадат. Затоа пак, во текот на викендот сме дома и имаме повеќе време да се посветиме на исхраната, на изборот и подготовката на оброците. Искористете го викендот и симнете 2-3 килограми со оваа дводневна диета заснована на редуцирана исхрана и појавете се позгодни во понеделник на работа! Идеално ќе ви дојде и пред некој важен настан на кој сакате да изгледате убаво и да имате рамен стомак.

Маркетинг

Викенд диетата се препорачува само на целосно здрави лица. Не ја продолжувајте диетата повеќе од пропишаното, односно започнете ја во сабота наутро, а завршете ја во недела вечер.

План за исхрана

Маркетинг

Сабота
Појадок: јогурт со ниска масленост и сезонско свежо овошје
Ручек: варена риба зачинета со сок од лимон и маслиново масло, зелена салата со лимон и маслиново масло, интегрален двопек
Вечера: јогурт со ниска масленост и обарени тиквички (може и некој друг обарен зеленчук, ако не можете да најдете тиквички)

Недела
Појадок: 1 шолја чај од нане, без шеќер, 1 интегрален двопек, 1 парче шунка
Ручек: варена боранија зачинета со лук и сок од лимон
Ужина: 250 гр. сезонско овошје, банани – не!
Вечера: 1 интегрален двопек, зелена салата, шолја чај без шеќер

Викенд диетата ќе ви помогне да се ослободите од 2-3 килограми и да го прочистите организмот за кратко време. За само 2 дена ќе добиете супер рамен стомак!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button