Реклама
Фитнес

(Видео) Најдобрите вежби за стомак и задник со кои ќе добиете ново тело за само 2 недели

Реклама

По вашиот редовен тренинг, предлагаме да направите и неколку дополнителни вежби за затегнување на мускулите на задникот и стомакот. 

Ако не се движите доволно, а воедно и си каснувате без многу ограничувања, не треба да ве чуди што ви се појавил стомак. Седечкиот начин на живот придонесува за опуштање на мускулите, посебно на стомакот, задникот и половината. За да го надминете овој проблем, предлагаме да правите вежби за зајакнување на мускулите и истегнување. Ако бидете дисциплинирани и ги правите секој втор ден, веќе по две недели ќе го постигнете саканиот ефект – затегнато и секси тело! Значи, три до четири пати неделно треба да правите вежби кои ќе ви помогнат да ги зајакнете мускулите на стомакот и да го поправите држењето на телото. Бидете доследни и дисциплинирани и резултатите нема да изостанат!

Маркетинг

Вежба за јакнење и обликување на стомакот и половината

Легнете на десната страна, потпрете го лакотот на подот. Префрлете ја левата нога пред десната, а потоа кревајте го телото се додека не очувствувате затегнување во стомакот. Свиткајте ја левата рака пред стомакот, а потоа придвижете ја нагоре и испружете ја. Повторете ја вежбата 3 пати. Целото време морате да останете во истата поза. Повторете го истото и на другата страна.

Маркетинг

Вежба за опуштање: 

Седнете на подот, испружете ја левата нога, десната нога свиткајте ја во коленото и префрлете ја преку левата. Горниот дел од телото свртете го на десно, ставете ја десната рака зад телото и потпрете го лакотот на левата рака на коленото на десната нога. Потоа полека вртете ја главата на десно, се додека не почувствувате затегнување во половината, односно затегнување на попречните стомачни мускули. Избројте до 30 и потоа опуштете се. Повторете ја вежбата уште еднаш. Потоа направете го истото на другата страна.

Вежба за зајакнување и затегнување на стомакот и задникот

Потпрете се на левата нога така што со телото ќе направите агол од 90 степени. Испружете ја наназад десната нога. Ставете ги рацете пред градите, така што ѓе ги споите дланките и лактите. Обидете се да ја свиткате левата нога и да ја испружите, а притоа да останете исправени. Во текот на изведувањето на вежбата затегнете го стомакот, грбот и задникот. Повторете ја вежбата по пет пати со двете нозе.

Вежба за опуштање: 

Потпрете се на левата нога, а десната нога свиткајте ја и префрлете ја преку коленото на левата нога. Потпрете ја десната рака на коленото на десната нога, a левата рака на стапалото на десната нога. Подигнете го горниот дел на телото нанапред а и затегнете ги рамениците наназад. Задржете се во оваа положба 20 секунди, а потоа отпуштете. Повторете по два пати со двете страни.

Вежба за затегнување на стомакот

Застанете право и стегнете го стомакот. Ставете ја раката на средината на главата и со целото тело кревајте се нагоре туркајќи ја карлицата нанапред и затегнете го стомакот. Правете ја оваа вежба неколку пати дневно.

Вежба за зајакнување на стомакот и грбот

Легнете на грбот. Кренете ги нозете нагоре и прекрстете ги. Затегнете ги прстите на нозете. Испружете ги рацете нагоре, колку повеќе можете. Кренете ја главата и рамениците. Потоа полека спуштајте ги рацете кон колената и опуштете ги рамењата. Само главата не смеете да ја спуштите на подот. Повторете ја вежбата 10 пати.

Вежба за опуштање

Легнете на стомакот така што колковите ќе ви бидат залепени за подот. Кренете го горниот дел од телото. Испружете ги рацете нанапред и кренете ја брадата. Кревајте ги рамењата се додека не почувствувате затегнување, а потоа опуштете се.

Повторете ја вежбата уште два пати.

{youtube}FSRu6D_0rVE{/youtube}

Погледнете ги и овие три видеа со ефикасни вежби …

{youtube}UC58rPgSAJ4{/youtube}

{youtube}E_vcWKFAdUQ{/youtube}

Извор: Žena Blic

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button