Реклама
Наши ѕвезди

„Педесет нијанси ослободени“ ги диктира трендовите – сите зборуваат за фустанот на Анастасија Стил

Реклама

Во големото филмско финале од трилогијата на Е.Л. Џејмс главните ликови конечно ќе застанат под олтарот.

Кристијан Греј и Анастасија Стил ќе се венчаат во третиот дел од филмската трилогија која започна со „Педесет нијанси сиво“. Филмот „Педесет нијанси осолободени“ и покрај лошите критики предизвикува внимание и ги полни кино салите, впрочем како и претходите два дела, па заработката повторно ќе се брои во милиони, а се шушка и дека е голема веројатноста филмската франшиза на крајот да заработи и преку 1 милијарди долари.

Маркетинг

Но новото продолжение покрај тоа што ги полни салите, најверојатно ќе одреди и некои нови трендови. Ова пред сé се однесува на венчаницата што ја носеше главната хероина и со која се омажи со „најпроблематичниот“, но воедно и најшармантниот маж во нејзиниот живот. Имено фустанот од тантела и тил што го носеше Дакота Џонс кога го кажа своето судбоносно ДА во филмот е замисла на познатата дизајнерка Моник Лилие која исто така го креираше и сребрениот слип фустан што актерката го носеше на маскенбалот.

Маркетинг

Фустанот е со традиционален крој, но со модерен „призвук“, и истиот најверојатно наскоро ќе може да се најде и на продажба. Моник за американскиот Ел изјави дека доколку постои заинтересираност истиот би можел да се најде и како дел од некоја нејзина колекција. А бидејќи обожавателките и идните невести откако видоа како и стои на познатата 28 годишната актерка не престануваат да ѕвонат на телефоните, прашање само на време е кога одговорните од брендот ќе објават од каде може да се порача и најде истиот модел.

https://www.instagram.com/p/Be5tUVnn_dk/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/BfHz7denkPO/?utm_source=ig_embed

 

Па, дали ви се допаѓа венчаницата што ја носи Анастасија?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button