Реклама
Наши ѕвезди

Исплива ретка фотографија од покојниот актер Ванчо Петрушевски – е вака изгледаат вистински другари

Ванчо беше кум на фамилијата Тодоровски

Реклама

Тие беа неразделни другари

Познатиот македонски актер Ванчо Петрушевски почина во 2018 година во несреќен случај од струен удар.

Да беше жив Ванчо претходната недела ќе наполнеше 73 години, а роденденот сигурно ќе го прославеше во друштво со своите најдобри пријатели со кои помина речиси цел живот.

Маркетинг

Имено, на Фејсбук страницата „Ѓорѓи Колозов“ деновиве повторно исплива една стара фотографија на која покрај покојниот Ванчо Петрушевски е уште една легенда, актерот Гоце Тодоровски, и еден нивен заеднички пријател.

Маркетинг
Принтскрин/ Јутјуб

На фотографијата тие седат на маса и мераклиски приготвуваат и јадат риба која претходно заедно ја уловиле

„Заедно ја ловеа, мераклиски ја приготвуваа и со сласт ја мезеа, цел живот!“, пишува во коментарот под објавата.

Принтскрин/ Јутјуб

Тоа дека тие навистина цел живот беа заедно и дека, додека Ванчо беше жив, беа неразделни, ќе го каже и Гоце Тодоровски кој во една пригода ќе истаке дека со Ванчо бил повеќе отколку со самиот себе.

„Во животот повеќе бев со Ванчо отколку со самиот себе, 57 години бевме заедно, немам и не знам што повеќе да кажам“, изјави Гоце по смртта на својот долгогодишен пријател.

Од фотографијата на која што се заедно можеме да видиме дека по бројните улоги кои ќе остане запаметен, Ванчо бил и рибар.

И тоа страстен рибар кој ги познава благодатите на овој спорт – по целодневното уживање во ловењето да седне со пријателите и во домаќинска атмосфера, со пријатен муабет и со најблиските пријатели со кои другарува со години, да живее царски.

Па, нека му е лесна земјата на Ванчо, а на сите неговид пријатели им посакуваме уште долги години вакви мераклиски дружби.

БОНУС ВИДЕО

Гоце и Ванчо

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button