Реклама
Модни совети

Шест трикови со кои вашите облини ќе изгледаат совршено во skinny фармерки

Реклама

Ако се раководиме според она што го гледаме во модните магазини, тогаш skinny фармерки би требало да носат само згодни манекенки.

Но овие модели изгледаат опасно добро и на девојките со облини, особено ако притоа внимавате на следниве неколку работи.

Маркетинг

1. Пронајдете ја вистинската големина

Маркетинг

Најлошата работа е ако купите фармерки со погрешен број. Не купувајте еден број помали фармерки и не обидувајте се да „скокнете“ во нив.

2. Пробајте фармерки со висок струк

Овие модели совршено ги нагласуваат најдобрите делови на телото и најдобро ги сокриваат недостатоците.

3. Внимавајте на бојата

Фармерки во класично темно-сини бои без избелени делови најдобро одговараат на вашето тело. Таквите фармерки не само што се согласуваат со останатите парчиња и бои во вашиот плакат, туку и изгледаат елегантно и шик.

4. Бидете креативни со слоевите и текстурите

Комбинирајте кошули, џемпери, сакоа и јакни кои паѓаат до средината на вашите колкови како би ја избалансирале силуетата.

5. Нагласете го струкот

Запомнете – тело на песочен часовник се смета за најпосакувано! Ако сакате класичен стил доволно ви е да искористите ремен, а ако сакате малку поинакви комбинации слободно заврзете кошула или веста на половината.

6. Изберете ги вистинските обувки!

Изберете елегантни обувки со неутрални бои или во иста боја со фармерките. Oбувките со полна пета, робусните модели и високите чизми додаваат тежина на вашиот изглед.

Нова сезона, нови трендови и кај фармерките – еве кои модели морате да ги имате >>

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button