Реклама
Шминка

Трик за долги трепки кој ќе ве воодушеви: Сé што ви треба е – памук!

Реклама

 

Неверојатно едноставен и евтин трик со кој вашите трепки ќе изгледаат како надградени, а се што ви е потребно е обичен памук.

Маркетинг

Познатата јутуберка и блогрка Худа Катан откри еден трик кој ги воодушеви сите, а кој се одвива за само неколку минути. Со помош на памук и маскара можете да постигнете ефект на вештачки или надградени трепки, а притоа да немате никаков контакт со опасниот лепак кој со тек на време може да ви ги уништи трепките.

Худа процесот го започнува со бела база за маскара, која можете да ја прескокнете доколку сакате природен изглед. Нанесете еден слој од маскарата, а потоа со обичен чешел или чиста четка за маскара поминете низ памукот, така што на четкичката да ви се соберат влакна од памукот.  Потоа со ваквиот чешел поминете низ трепките додека првиот слој од маскарата е се уште влажен, како би ги задржале влакната на вашите очи. Потоа нанесете уште еден слој од маскарата, па повторете го целиот процес онолку колку што е потребно да би го постигнале саканиот ефект. Худа направи драстична промена која може да послужи за вечерни пригоди, но за секојдневна шминка ви препорачуваме овие влакна да ги додадете само на надворешните агли од трепките како би постигнале ефект на мачкини очи. Со овој евтин и едноставен трик всушност ќе го копирате ефектот на скапите маскари со влакна – а добрата работа е што можете интензитетот да го прилагодите онака како што ви одговара.

Маркетинг

{youtube}Y9jYaPEXB18{/youtube}

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button