Реклама
Шминка

Најдобри трендови за шминкање за есен 2015

Реклама

Црните моливчиња ја покажуваат својата сестраност, црвените кармини се повторно возбудливи, а зацрвенетата кожа го заменува обликувањето оваа есен.

Еве ги трендовите за убавина кои мора да ги знаете сезонава.

Маркетинг

УСВИТЕНО ЦРВЕНО

Маркетинг

Црвениот кармин не звучи воопшто револуционерно, но кога го снемува неколку сезони во корист на јасни мелеми и безбојни бои, а потоа го прави својот кам-бек во големи, не толку очекувани начини на модните писти, е, тогаш тоа е она што ни е потребно за да добиеме возбудлива шминка повторно

НАДВОР ОД ЛИНИЈАТА

Мислите дека црното моливче е здодевно? Ха. Девојките на „Mugler“ покажаа дека едноставното моливче може секогаш да биде толку волшебно.

РУМЕНИЛО

Тргнете го настрана вашиот пудер и тргнете во акција по руменило во боја на топла праска и роза што ве прави да изгледате како само да сте тргнале на брза, зимска прошетка.

ХЕВИ МЕТАЛ

Овој стил се користат на свежи начини во „Tadashi Shoji“ каде што се употребуваат златни, бронзени и сребрени светки и моливчиња на долните и горните капаци.

ВАМПИРСКИ ДНЕВНИЦИ

Во сезона која изобилува со референци од ’90-ите, нормално е готик-усните да се појават како тренд. Но, необичните комбинации е она што, всушност, восхитува.

ИГРА НА СЕНКИ

Најдобар совет од зад сцената за добивање на совршено зачадени очи е ултрадифузна сенка која, иако е интензивна, сé уште се чувствува мека.

КЛЕПКИ НА НЕОБИЧЕН НАЧИН

Mоќта на маскарата врз девојките најмногу беше демонстрирана кај „Каролина Херера“ каде сребрени искри на врвовите на трепките дадоа ефект на водени капки. Такви беа и девојките на „Rachel Zoe“ кои исто така беа необично убави, впрочем како и девојката од оваа фотографија.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button