Реклама
Рецепти

Рум топчиња со кокос и суво овошје

Реклама

Овие топчиња се одличен избор кога сакате да подготвите нешто брзо за гости или пак имате слава или некаква домашна свеченост па ви требаат повеќе видови на колачиња. Имате две варијанти на рецептот, со или без кокос, па одберете си ја онаа која повеќе ви одговара или пробајте ги и двете!

Маркетинг

Рум топчиња со кокос

Потребни состојки:
–    3 лажици какао (плус малку за посипување)
–    2 шолји кокосово брашно (плус малку за посипување)
–    410 мл. млеко
–    3 лажици рум
–    250 гр. бисквити
–    Шеќер по желба

Рум топчиња без кокос

Маркетинг

Потребни состојки:
–    3 лажици какао
–    2 шолји 9од 250 мл.) сушено овошје (на пример суво грозје или боровинки)
–    410 мл. млеко
–    3 лажици рум
–    250 гр. бисквити
–    Шеќер по желба

Најпшрво иситнете ги бисквитите во блендер или ставете ги во платнена вреќичка, затворете ја, и поминете неколку пати преку неа со сукало. Потоа измешајте ги убаво  иситнетите бисквити со сите останати состојки за да добиете рамномерна смеса. Додајте шеќер во прав во смесата според ваш вкус. Можете да употребите и обичен шеќер растопен во малку топло млеко. Од смесата земајте по малку и со рацете обликувајте топчиња и редете ги во тава на хартија за печење. Потоа земајте ги топчињата едно по едно и валајте ги во какао или кокос, или мешавина од двете, по ваша желба. Потоа ставете ја тавата со топчињата во фрижидер за пола час-час за топчињата убаво да се стегнат. Можете да ги послужите веднаш или да ги спакувате во украсна тегла и да добиете прекрасен сладок подарок за некој близок.

Извор: Patchworkcactus

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button