Реклама
Интервју

5 минути со Александар Лазовски, организаторот на првиот ТEDx Salon настан во Македонија

Реклама

Во денешното интервју зборуваме за една поразлична тема од вообичаено, зборуваме за серијата независно организирани TEDxBASSalon настани во Скопје.

Нашиот соговорник е Александар Лазовски, кој е потпретседател невладината организација SmartUp, проектен менаџер, носител на лиценца за TEDxBASSalon, координатор на неколку проекти,  трета година стипендист студент на додипломски студии по оперативен менаџмент на Бизнис академијата Смилевски – БАС и младински активист со повеќе од 10 години искуство во невладиниот сектор во Македонија.

Маркетинг

Добар ден Александар. Пред се, бидејќи зборуваме за TEDxBASSalon, дали ќе можеш на кратко за нашите читатели објасниш што всушност претставува TEDxBASSalon?

Добар ден и до вас и до вашите читатели. TEDxBASSalon претставува независно организиран настан за чиешто организирање е потребно поседување на лиценца од TED. Повеќе за TED читателите би било најдобро да се информираат од нивниот вебсајт TED.com бидејќи тоа е најдобриот начин да ја сфатите идејата позади TED. Дополнително, во однос на нашите настани, се работи за салонски тип на настан од мал карактер чија што цел е по пат на неформална дискусија  овозможи клима за искажување на ставови и мислења на учесниците а со самото тоа да се допринесе и до нивно едуцирање и вмрежување. Идејата позади концептот кој го применивме во Македонија, е едноставен. Работевме со мали групи од 20-25 млади интелектуалци, со по еден модератор и тоа Дамјан Николовски од НМСМ и Огнен Јанески од 24Вести, со двајца експерт гости чија што цел беше да стимулираат дискусија помеѓу учесниците а не да служат како панелисти и со два официјални говори кои по нивното прикажување служеа како основа за развивање на дискусија. Крајната цел? Зборување за теми кои ретко се зборуваат!

Маркетинг

Ви благодарам за сеопфатниот одговор. Дали TEDxBASSalon настаните се првите од ваков тип во Македонија, дали во моментот има некој друг што организира слични настани и како всушност се роди идејата да започнете со еден ваков проект?

TEDxBASSalon настаните се првите од ваков тип настани организирани во Македонија и морам да признаам дека поминаа феноменално! Одлично одговараат бидејќи се работи со мала група и на доста неформален начин што овозможува луѓето да се слободни и да се изразуваат себеси. Досега во Македонија нема некој кој организира слични настани а во однос на тоа од каде дојде идејата, односно дека дојде од мојата лична фасцинација со TED, а беше силно поддржана од мојот тим во SmartUp по што се решивме да истражиме малку повеќе и еве, денеска сме овде.

Дали овие TEDx настани се евидентирани на официјалниот сајт на TED, па на тој начин да бидат достапни за сите?

Настаните евидентирано на TED може да ги најдете на овој линк по хронолошки редослед. Истовремено, може да ги погледнете и темите и експерт гостите кои учествуваа во дискусиите. Кликнете овде.

Што мислите, во што се крие големиот успех на TED во светот?

Пред се би рекол дека се должи на идејата на TED, односно зборување и споделување на исклучителни идеи. Особена важност има и тоа што имаат пристап до финансии како и до контакти со некои од најдобрите спикери во светот, Бил Гејтс, Ричард Брансон и слично. Но ако морам да изберам две, тоа би биле моделот и достапноста да секој ги гледа говорите преку интернет.

Дали сте задоволни со нивото до кое нашата држава е навлезена во овие TED приказни и дали е голема нашата TED заедница?

Јас искрено сум позитивно изненаден од луѓето во Македонија и општата запознаеност за тоа што претставува TED и каков вид на настани има. Тоа што особено ме изненади беше интересот и неинформираноста на голем број од учесниците за процесот на добивање на лиценца и организирање на TEDx настан. На ова ќе треба да поработиме малку повеќе.

Која е најдобриот TED говор што си го гледал досега и зошто?

Хмм, тешко ми е да одвојам еден. Ако веќе морам, тоа би бил оној кој ме мотивира да станам толкав фан на TED, говорот на Sir Ken Robinson – Educational Death Valley. Топло препорачувам читателите да го погледнат бидејќи зборува за еден горчлив проблем кој необјасниво ужасно споро се приспособува на новите потреби на општеството, формалниот образовен систем.

Бидејќи ми делува мошне интересно, кажи ми Александар, што е следно? Размислувате ли за TED конференција во Македонија?

Бидејќи имаше голема заинтересираност од учесниците, моментално заедно со партнерите на шестиот TEDxBASSalon настан, Регионалниот Центар за Социјални Иновации – Скопје, сме во процес на аплицирање за лиценца и организирање на уште три Salon настани до крајот на декември. Во однос на второто прашање, да, веќе некое време размислуваме за TEDx конференција во Македонија и ќе се обидеме да ја направиме реалност во 2016 година.

Дали веќе имате одлучено кои теми ќе се на следните три настани или се уште размислувате?

За жал, се уште не смеам да ги откријам темите, меѓутоа на политички фер начин можам да кажам дека особено ќе се израдуваат претприемачите и љубителите на претприемништвото, страствените гејмери и девојките во ИТ индустријата!

Како нашите читатели можат да се пријават за овие настани?

Најлесниот пристап до информации за активностите кои ги имаме е да не следите на нашата Facebook страна, TEDxBASSalon.

Во ред Александар. Ти благодарам за одвоеното време….. Имаш нешто посебно што би сакал да го споделиш со нас за крај?

Би сакал да испратам еден посебен shout out до целиот тим без кој SmartUp немаше да биде овде каде што е денеска. Исто така и до сите поддржувачи, партнери и личности кои ни помогнаа да сето ова стане реалност. Бидејќи сте навистина многу нема да можам да ве набројам сите меѓутоа  од срце и во името на целиот тим на SmartUp ви се заблагодарувам за довербата. За крај, доколку сте во потрага по малку интелектуално скокоткање, добредојдени сте на нашите TEDx дискусии.

Се гледаме!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button