Реклама
Нега и здравје

Кејт Хадсон ја откри тајната за нејзината здрава линија и топ форма

Реклама

Откако прекрасната Кејт Хадсон (34) го покажа нејзиното неодоливо тело во филмот „Како да изгубите фраер за 10 дена“, сите се прашуваа која е тајната на нејзината совршена линија.

За среќа таа реши да ја открие тајната како се одржува во топ форма во последниот број на магазинот The Zoe Reporta.

Маркетинг

„Моето основно правило е да се потам шест дена во неделата. Понекогаш тоа е со интензивни вежби во теретана, а понекогаш едноставно со трчање по децата“, вели Кејт која е мајка на две момчиња – десетгодишниот Рајдер и двегодишниот Бингам.

Маркетинг

Според неа нема резултат без напорно вежбање, но „да се биде во форма не значи само да се поминуваат часови и часови во теретана, туку многу е важно и сето она што го правите помеѓу тоа“, вели Кејт  и додавадека е сеедно што правите: шетање, играње фудбал со децата или носење намирници од продавница.

Кејт вели дека во животот е најважна е мотивацијата, и ова се однесува на сé, па и на  физичката кондиција и здравиот начин на живеење:

„Единствената работа за која сите жени размислуваат е како да пронајдат време за себе и да бидат среќни“, а според неа токму физичката активност во кој било облик може да има одлични резултати за телото, но и за психата кај секоја жена.

Што се однесува до диетите, таа повеќе преферира внимателно избрани оброци, отколку некоја конкретна диета:

„Сакам да бидат здрава и во форма, но притоа да не се изгладнувам и да не си ја ускратувам храната што ја сакам“, заклучува таа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button