Реклама
Нега и здравје

Што не смеете да носите кога одите на разговор за работа

Реклама

Облеката која што ја носите открива многу за вас односно за начинот на кој што се гледате себе си, и затоа многу е важно кога ќе одите на интервју за работа добро да размислите како ќе се облечете, при што особено внимание треба да посветите на боите.

Маркетинг

Како треба да се облечете за да оставите добар впечаток?

Според  најновите истражувања што ги спроведе Career Builder и во кои учествуваа 2099 менаџери, односно одговорни лица за управувањето со човечки ресурси, кои донесуваат одлуки во процесот на селекција на нови работници, црната и сината боја се најдобар избор на бои кога одите на интервју за работа, а најлош избор е портокаловата.

Маркетинг

Ова е ОК доколку барате работа во некоја голема фирма …

Конзервативните бои, како што е црната, сината, сивата и кафените нијанси се најсигурен избор кога со некој се среќавате за прв пат во професионално опкружување, а  боите кои на пример се поврзуваат со креативноста, како портокаловата боја, можат да бидат премногу силни за разговор за работа.

Црната боја на почетокот може да изгледа непристапна, но доколку ја носите на вистински начин, може да делува гламурозно, софистицирано и ексклузивно. Луѓето што знаат како да ја носат црната боја се перципираат како сериозни, а склоност кон црна боја имаат и лицата со лидерски способности.

Сината е една од најдобрите бои за интервју за работа, бидејќи зрачи со самодоверба и стабилност. Истражувањето покажа дека морнарската сина боја е најдобра за разговор за работа, па луѓето што ја носат имаат најголеми шанси да ја добијат работата, бидејќи првенствено испраќаат порака дека се тимски играчи.

Вака НЕ треба!

Сивата боја ја пренесува пораката на независност или изолираност, но тие воопшто не мора да се сфатат како негативни карактеристики, под услов да покажете дека не сте несигурни. Сивата боја, според зборовите на стручните лица, е боја на осамениците, така што оние што ја носат се перципираат како големи индивидуалци, самостојни и спос0бни самостојно да размислуваат.

Белата и беж бојата можат да бидат сигурен избор, но ако се определите за нив исто така можете да бидете оценети и како досадни и без самодоверба. Луѓето што носат бела боја се сметаат за многу организирани, а беж бојата е одличен избор за разговор за работа каде сите носат многу силни бои.

Земјените кафеави бои зрачат со топлина, сигурност и самодоверба, и според тоа, ако одберете вакви нијанси сигурно ќе добиете некој плус повеќе.

Црвената боја ја пренесува пораката на страста и силата, што е најдобар избор доколку сакате некого да уверите во нешто или да го импресионирате. Црвената боја исто така сигнализира храброст, возбудување и висока количина на енергија.

Зелената, жолтата, портокаловата и розовата боја се креативни бои. Тие се силни и впечатливи, привлекуваат внимание,но не мора секогаш да оставаат впечаток на доверба и самодоверба, а токму тоа е најважниот впечаток што треба да го оставите на интервју за работа. Затоа, размислете два пати пред да се одлучите за овие бои. Но, од друга страна, овие бои се одличен избор за дружење со колегите од работа или пак на некоја забава во претпријатието во кое што работите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button