Реклама
Наши ѕвезди

Еве каков е Мики Секуловски во приватниот живот – Цеца изненадена, тој како ништо да не се случило

Мики важи за еден од најголемите фаворити во популарното музичко шоу „Ѕведите на Гранд“, но и покрај големата популарност, тој воопшто не се однесува така

Реклама

Не престануваат реакциите по генијалниот настап на Мики

Пејачот од Велес преку ноќ стана главна атракција во едно од најгледаните шоуа во регионот, „Ѕвездите на Гранд“.

Станува збор за Мики Секуловски кој со својот вонсериски талент за пеење предизвика голем интерес кај јавноста.

Маркетинг

Тој има завршено оперско пеење, но како што самиот вели во едно од неговите последни интервјуа, повеќе му лежи да пее рок музика.

Маркетинг
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Пред македонската јавност стана познат по шоуто Идол, а во емисија од сличен формат се натпреваруваше и во Белгија.

Принтскрин/ Јутјуб, The Voice van Vlaanderen

И секогаш кога е на сцената со својата харизма импресионира, а со песната „Рујна зора“ дефинитивно ја освои српската публика.

Имено, тој на својот последен настап во „Ѕвездите на Гранд“ ја избра токму оваа песна и ја изведе на еден мошне креативен начин.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Но кога не е на сцената и пред камерите, каде што никого не остава рамнодушен Мики во приватниот живот е еден скромен, нормален човек.

„Приватно сум повлечен и многу мирен, но кога сум на сцената, можеби ќе ме понесе адреналинот, па ќе направам некои работи што инаку не би ги направил“, изјави Секуловски неодамна за „Гранд.онлајн“.

Мики тогаш исто така откри и дека Цеца Ражнатовиќ, односно неговата менторка во шоуто, во една пригода му кажала да ја даде целата енергија што ја поседува, да биде храбар и тој секако ја послушал.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Мислам дека сето тоа и го направив, и дека ја одработив работата како што треба. Цеца беше задоволна“, изјави Мики тогаш.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Тој исто така тогаш откри дека со Цеца заедно ги избираат песните, а во тоа им помага и пејачката Ивана Петерс.

И како што Цеца и самата откри по неговиот последен настап, кога буквално растури на сцената, тие имаат уште изненадувања за гледачите, а повеќе од сигурни сме дека фановите на Мики се нестпрливи и одвај чекаат да го видат повторно на сцената.

Бонус галерија

Мики во странско талент шоу

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button