Диети

Совршена диета со храна богата со влакна

Реклама
Реклама

Храната богата со влакна ќе ви обезбеди витка линија. Оваа диета ќе ви помогне да се ослободите од вишокот на килограми но и од здравствените проблеми како мрзливи црева.

Лошата исхрана придонесува за успорување на варењето и работата на цревата, а со тоа не само што се успорува и процесот на слабеење, туку може да се предизвика дебелееење. Намирниците богати со влакна главно содржат малку маснотии и калории, односно не дебелеат. Нерастворливите влакна ја врзуваат водата и набабруваат во цревата, па на тој начин го олеснуваат исфрлањето на столицата и со тоа и вишокот на калории но и отрови. Исто така ги врзуваат и мастите и јаглехидратите со што ги успоруваат, односно на тој начин побавно се реасорбираат во крвта, а вишокот се исфрла преку столицата. Според тоа, доведуваат до намалување на внесените калории и намалување на нивото на холестерол во крвта.

Маркетинг

Исхраната богата со влакна придонесува да се чувствувате полни и сити подолго време, па помала е веројатноста да посегнете по калорична храна и грицки кои дебелат. Исто така, ваквата храна побрзо заситува, па ќе ве заштити од прејадување.
Оваа диета се препорачува за сите што сакаат да ослабат на здрав начин, но и за сите што страдаат од затвор. Диетата вклучува пет оброци и е во склад со препораките на нутриционистите. Многу е важно во текот на диетата да се внесуваат доволно течности. Многу луѓе кои имаат проблеми со столицата не јадат доволно храна што содржи растителни влакна, не пијат доволно течности, а генерално не се ни движат многу што дополнително го отежнува празнењето на цревата.

Маркетинг

Диетата е урамнотежена, односно во неа се ускладени сите потребни хранливи состојки. Вклучува месо и риба, умерени количини на млеко и млечни производи, јајца, што го задоволува потребите за протеини, но и за витамини и минерали. Јаглехидратите се исто така застапени и тоа претежно богати со растителни влакна: сите видови на леб од цело зрно (грахам, ржен, црн…), интегрален ориз и тестенини, а додадени се и трици кои се исто така богати со растителни влакна. Во диетата има и многу зеленчук, свеж и варен, пченични никулци, мусли, свежо овошје, компот и ленено семе – а сето тоа придонесува за подобро варење и слабеење.

Правила на кои треба да се придржувате

1. Пред да започнете со диетата еден ден посветете на подготовка на телото за диета и чистење од отровите.
2. Придржувајте се на предвидените намирници кои може да ги комбинирате по желба.
3. Внимавајте при подготвувањето на менито да не имате месо и за ручек и за вечера. Истото важи и за јајцата, ако има за појадок, не смее и за вечера. Не се препорачува да се јаде месо два пати во ист ден.
4. Можете да ги замените предлозите за ручек и за вечера, доколку ви одговара појак оброк за вечера наместо за ручек.
5. Внимавајте на подготовката на храната, користете што е можно помалку масти, а за салатите користете маслиново масло.
6. Не прескокнувајте ниту еден оброк. Сите се важни бидејќи цревата мораат постојано да бидат активни.
7. Пијте многу вода, а дозволена е и чаша вино на ден.

План за чистење

Наутро (на празен стомак): чаша свежо подготвен сок од овошје или зеленчук
Појадок: шолја мусли со сок од цитрон
Ужина: мала чинија салата од портокал и банана
Ручек: свежо исцеден овошен сок, чинија свежа салата по избор, евентуално 50 до 100 гр. варен компир.
Ужина: шолја чај и парче ржен леб
Вечера: чаша јогурт со трици и ленено семе, 1 до 2 тенки парчиња интегрален леб со житарици, едно јаболко

План на диетата

Појадок

Варијанта 1: 1 шолја кафе со малку немасно млеко и кафеав шеќер, 2 тенки парчиња интегрален леб со сирен намаз со ниска масленост, 1 мал домат
Варијанта 2: 1 шолја овошен чај со сок од лимон, грахам пециво со тенок слој на мармалад (диетален)
Варијанта 3: 1 шолја немасен јогурт со лажица ленено семе, шака бадеми или лешници, 1 овошје по избор
Варијанта 4: 1 чаша свежо подготвен сок од зеленчук, 2 тенки парчиња интегрален леб со семки, 80 гр. свежо кравјо сирење
Варијанта 5: кајгана од 1 поголемо или 2 помали јајца, 1 парче интегрален леб, шолја незасладен чај
Варијанта 6: мусли или интегрални корн флејкс со 200 мл. немасно млеко или јогурт, еден цитрон
Варијанта 7: овошна салата од овошје по избор, 1 парче интегрален леб со сирен намаз.

Ужина

Варијанта 1: 1 чаша кисело млеко, 1 тенко парче црн леб, 1 мал домат
Варијанта 2: чаша сок од моркови со ленено семе, парче двопек со намаз од зеленчук
Варијанта 3: 1 чаша јогурт, 1 парче интегрален леб со семки, 1 јаболко
Варијанта 4: мала чинија салата од зелка, 1 парче тост
Варијанта 5: мала чинија овошна салата со пченични никулци
Варијанта 6: 1 чаша милк шејк од 200 мл. млеко со банани, јаболка, портокал …
Варијанта 7: 50 гр. суво овошје и шака јаткасто овошје по избор
 

Ручек

Варијанта 1: 1 мала чинија варена блитва со 100 гр. варен компир, 150 гр. печена риба по желба, 1 јаболко
Варијанта 2: чаша сок од портокал, 100 гр. печено пилешко (бело месо или карабатак), 1/2 шолја варен интегрален ориз, салата од мешан сезонски зеленчук
Варијанта 3: чинија супа од зеленчук, 100 гр. немасно телешко (варено или печено), 150 гр. варено цвекло или брокула, зелена салата
Варијанта 4: чинија супа од домати, 150 гр. компир печен во лушпа, 150 гр. варена боранија со малку путер, 1 портокал или цитрон
Варијанта 5: 100 гр. пилешки гради, 80 гр. интегрални тестенини со сос од домати со малку пармезан, салата по избор
Варијанта 6: 100 гр. телешко, 80 гр. кус кус или интегрален ориз, 150 гр. динстан мешан зеленчук, неколку сливи или 1 јаболко
Варијанта 7: вариво од бобови и зеленчук со 50 гр. јачмен или интегрални тестенини, овошје по избор

Ужина

Варијанта 1: чаша сок од домати, 1 парче интегрален двопек
Варијанта 2: шолја кафе, 1 банана
Варијанта 3: 1 чаша јогурт со исечкани бадеми
Варијанта 4: мала шолја мусли со овошен сок
Варијанта 5: мала шолја сирови никулци со овошје по избор
Варијанта 6: шолја незасладен чај, салата од еден морков од средна големина, 1 портокал
Варијанта 7: 1 шолја млеко или јогурт со трици и ленено семе

Вечера

Варијанта 1: чинија мешана салата, 1 варено јајце, 1 тенко парче интегрален леб со сирен намаз со ниска масленост
Варијанта 2: 1 поголем стек од соја или зеленчук (150 – 200 гр.), чаша кисело млеко, јаболко
Варијанта 3: 1/4 печено пиле со зелена салата, чаша сок од мешан зеленчук
Варијанта 4: чинија супа од зеленчук, 2 триаголници пица со мешан зеленчук и малку сирење
Варијанта 5: помала чинија салата од туна, интегрални тестенини и мешан зеленчук, сок од свежо исцедено овошје
Варијанта 6: 1 порција лазањи од тиквички (или зеленчук по избор), 1 јаболко
Варијанта 7: омиленото јадење по ваш избор (еден оброк во неделата можете да се наградите!)

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button