Реклама
Блогерија

Што ќе носат македонските модни блогери за новогодишната ноќ: Фросина Дамјановска

Реклама

Мини едиторијалот го продолжуваме со популарната Фросина од блогот frosinna.blogspot.com.

Маркетинг

Нејзиниот младешки елегантен стил ги освојува срцата на македонската модна публика, па сигурни сме дека ќе ви се допаднат и нејзините предлози за новогодишната ноќ. Таа останува доследна на мешавината од едноставни основни парчиња и впечатливи детали.

Мојот избор: Едноставно, елегантно, но со впечатлив накит.

Маркетинг

Прикладно за новогодишна прослава во дискотека, клуб, кафе бар, журка, најсоодветно за помлада генерација.

“The little black dress is always sexy”: ултра модерен израз од тул, прилепено изразен струк и глок што дава елегантен изглед совршен за оваа пригода. Црна мала чантичка или златна по можност, која одлично би се вклопила во оваа комбинација. Црните обувки со транспарентен тул одлично се сврзува со фустанот. Како најспецифично парче во оваа комбинација го издвојувам ланчето кое ја доловува финалната “јагода на шлагот” и го освежува целиот новогодишен изглед.

Прикладно за новогодишна прослава во ресторан или коктел бар, соодветен за младата и позрелата генерација.

Прикладно за новогодишна прослава во ресторан или коктел бар, соодветен за младата и позрелата генерација. Едноставен црн свечен фустан со интересен крој му дава впечатлив израз на рамето, а долгиот отворен шлиц дополнително го истакнува сексапилот. Со цел да се разбие елегантниот шарм може да се вклопат обувки со висок глужд што наликуваат на чизми. За да не биде де така црно, одличен избор би било антички-сребрено масивно ланче кое го дополнува целиот изглед.

Автор: Александра Спасеска

Кликни и прочитај што ќе носи блогерката Азизе Демиши »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button