Реклама
Новости

Отворено писмо до господинот Милчин или со свој камен по глава, бидејќи е наведната и сабја не ја сече!

Реклама

Господине претседател на Фондацијата отворено општество, или што и да сте, па сите знаеме које Џорџ Сорос, не сме мали деца, нели?

Бу!

Маркетинг

НО, да го оставиме ТОА за некое друго време, кога отворените дебати ќе бидат секојдневие во Македонија, а не инцидент кој обично – впрочем како што укажува самото значење на зборот – има последици по некого. Или барем така се шушка, бидејќи некои каубои ја разбираат дебата како До балчак, односно двобој во кој едниот секогаш е со празен кубур!

Сигурно се прашувате зошто во насловот стои „со свој камен по глава“, иако можеби веќе имате некое свое објаснување во стилот на „рани куче да те лае“ каде кучето е народот, а лаежот го слушате само вие и вашата екипа и никој друг!. Но не, не е во тој контекст она што сакам да ви ко кажам. Односно не сакам ама баш ништо да ви кажам, бидејќи нели, вие сте човек во години, со богато искуство, а јас еве, никој и ништо, нередовен колумнист на едно мало сајтче кое никогаш не земало пари ниту од вашата организација, ниту пак од реклами од Владата на Република Македонија.

Маркетинг

Да, многумина ќе помислат дека мојот газда е будала и дека да биле на негово место досега ќе си го наполнеле ќесето (читај мешето, бидејќи за ќесето ќе ви треба многу повеќе од едно обично сајтче!), но не е мојата маленкост во прашање, ниту пак неговата, туку ОНА што вие тврдите дека го работите и дали го работите како што треба. Капѝш?

{youtube}MJRF8xGzvj4{/youtube}

Не, ова не е Америка, ова е Антика!

Дали некогаш сте се запрашале дали можеби е крајно време да отидете онаму каде што политичарите обично не одат со драга волја, ама сигурно одат пешки, односно дали сте се запрашале дека е време за пензија? Едноставно да отидете на некое идилично место заедно со Вашите миленици, и да ги оставите градските хиени, и оние Вашите, и оние од другата страна на бајракот, да се изедат сами помеѓу себе, па што биде нека биде!

А, господине? Што велите?

Дали некогаш сте се нашле во ситуација во која се гледате во огледалото и се чувствувате како пластичен куршум на кој му е џабе и да ја погоди целта. За разлика од Вас, Вашите „крвни непријатели“ се рикошети (како што вие самите велите во еден ваш текст објавен во еден од вашите весничиња), кои пукаат во празно, но што ќе се случи ако случајно се одбијат од некој ѕид и (и)лустраторски ве погодат директно во чело?
 

Дур зурли трештат на сред село …

Флажолет? Онака низ зурлите на опозиционерските медиуми, на сиот глас впрочем како и трубите (читај стомаците) што везден трубат на Волт Дизни во Шутка каде инвестиравте и вие, и тие, и сите ние.. и на крај – ништо!

А што имаме ние, обичните граѓани, полза од таквите звуци колку и да се тие (не)пријатни за слушање? Што имаме ние полза од тоа ваше културно поле на кое се натпреваруваат (не)луѓе во нефер игра во која однапред се знае победникот?

Повторно ништо!

Но, да го срочам она што сакав да ви го кажам во неколку реченици. Прво, вие први почнавте со вашите книжулинки во стилот на „филипики“ против Никола Груевски. Да , во нив пишувавте што сé можеле да направат со парите што ги потрошиле за Скопје 2014, колку болници можеле да направат, колку социјална помош да доделат, колку луѓе да вработат, колку паркови да направат…

Да, оваа „безмилосна“ конструкција е Ваше дело – и сега истата се одбива како рикошет и Ви се враќа со брзината на ТВ сигналот против која не можете да сторите ама баш ништо освен да се предадете и барем за момент да се обидете да уживате во Вашето „дотолчување“, барем онака како што славниот режисер Столе Попов уживаше во премиерата на неговиот последен филм.

Нашата економија со сé „Вашите“ пари …

Па, господине Милчин – кога ги пишувавте овие досетки, кои најпрво беа објавувани на култниот портал Окно (зборот „култниот“ сепак нема да го ставам во наводници само поради оние кои навистина не го заслужуваат тоа, а пишуваат на сајтот), дали некогаш сте се запрашале до колку луѓе ќе допре Вашата порака? Не можам да речам дека оние што ги познавам и што гласаат за вашите „крвни непријатели“  воопшто некогаш виделе што пишувате, или пак ги отвориле вашите порталчиња.

Но, ова што сега се врти на сите провладини медиуми, еве на пример на Канал 5, ќе го види секое пиле што се испилило и што во иднина ќе се испили на некоја од новите палми што треба да ги засадат на ова наше плодна балканска почва. Да, сега и врапците на гранките знаат дека Милчин потрошил 100 милиони евра, а со тие пари не направил ни 2 километри пат, ниту болница, ниту пак фабрика…

{youtube}0KaWSOlASWc{/youtube}

Ебати државата во која што опозицијата се крсти на Сорос!

Па, господине Милчин, џабе ви е сето тоа што толку време го правите и постојано толкава врева кревате, кога Вашиот глас не го слушаат оние што треба да го слушнат и кога сето тоа го правите некако несмасно, зачмаено, огорчено…

Или пак можеби, тоа Ви е целта?

Или пак на Сорос му е? Не знам, но сите знаеме дека кога се појави неделникот „Граѓански“ (без разлика дали беше спонзориран од Сорос или не!) од самиот старт имаше гооолема грешка во неговиот концепт. Затоа пак потоа се појави „Република“, која за разлика од „Граѓански“, допре до многу поширока публика, до онаа критична маса која треба да се обликува во зависност од тоа каде сакаме да одиме како нација – во цивилизирано општество, какво и да е тоа, или во безредие и хаос кој во крајна линија може да резултира со крвава и братоубиствена граѓанска војна.

Клуч!

А што се случи со „Граѓански“? – па згасна, како мало запалено чкорче кое се удави во темнината во која Вие постојано со намигање и се додворувате на некоја Вам позната (а за другите блудна) дама, која демек доаѓа од колевката на цивилизацијата, а притоа заборавате дека е во тренд новиот романтизам и антиката, и дека сето тоа го правите во темница во која прст пред око не се гледа, а камоли пак вашето намигање, без разлика што имате бела коса и што гркот Диоген е на Ваша страна.

И Вие упорно трепкате со очите, и ќе трепкате, се дур не го извадите каменот од бубрезите на сите ваши „соросоиди“ на кој им се наталожил поради оваа „недемократска“ власт и поради неможноста да се соочите со неа и да ја победите, и со него не се треснете по глава и да доживеете нешто како Соросо-еу-река!

Доброто инвестирање е здодевно! – Џорџ Сорос

Истото се однесува и на порталите, со НВО- центрите, на сите Ваши рожби.. сите се некако накриво засадени, впрочем како и жалните врби, па затоа и немаат некои позначајни резултати, освен ако, како што реков претходно, тоа не Ви е целта, само на еден малку посуптилен начин. Што се однесува до „Слободен печат “ и Дон Бранко Кихот Героски, можеби тој е единствениот што знае што прави во оваа вукојебина, само што (можеби) не му е воопшто лесно да се бори со ветерници, а најмалку со оние гевгелиските, што вртат на ветерот  и што народот со ширум отворени очи ги гледа и воопшто не трепка, особено не кога треба да го заокружи бројчето на гласачкото ливче.

А на крајот на денот, сé се сведува на тие бројки, нели? (или пак можеби на оние на контото на Џорџ Сорос што ги добива за секој успешен проект, а меѓу нив и за Вас, и за Вашите најверојатно за џабе потрошени милиончиња, по ѓаволите!)

Робин Худ Џуниор

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button