Реклама
Нега и здравје

Што сè може да предизвика само 1 чаша пиво!

Реклама

 

Спаѓате во групата на љубители на пиво? Често пиете пиво, или само понекогаш чаша или две? Сакате светло или темно?

Маркетинг

Без разлика на одговорите на овие прашања, студиите направени неодамна укажуваат дека пивото е многу делотворно за здравјето и убавината на жените, иако многу жени не го љубат, односно го избегнуваат за да не се здебелат или го сметаат за типичен машки пијалак. Посебно корисно за жените е темното пиво, кое има полн вкус. Секако, не треба да се претерува. Доволни се само чаша или две на ден.

Во студијата за поволните ефекти на пивото, објавена во американскиот медицински журнал, научниците тврдат дека пивото помага за зајакнување на коските бидејќи содржи значителни количини биоразградлив силициум, кој е еден од важните елементи за изградба на коските. Според тоа, посебно на жените во менопауза им се препорачува консумирање на пиво, секако во умерени граници. Исто така, основната состојка на пивото, хмељот претставува богат извор на хумол кој помага во спречувањето на разни воспалителни процеси во организмот.

Маркетинг

Треба да се напомене дека црното пиво е подобро во смисла дека содржи повеќе хранливи состојки од светлото и има бројни поволни ефекти врз здравјето: го намалува лошиот холестерол, штити од кардиоваскуларни болести, ја поттикнува работата на цревата придонесува за поубава кожа и го јакне имунитетот. Одамна е познато дека косата ќе биде убава и сјајна ако се полие со пиво, а сега ваквите „рецепти“ добија и научна поткрепа. Пивото исто така е и одличен извор на железо.

Извор: source.ba

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button