Реклама
Рецепти

Необична и многу вкусна: Шарена солена торта

Реклама

Зборот торта сите го поврзуваме со чоколадо, благ крем, кори полни со ореви или бадеми, бел шлаг и т.н. Но, за промена, денес ви донесуваме рецепт за една сосема поинаква торта, која е солена на вкус и е направена со пиперки и сирење.

Совршено предјадење или ако сакате и главно јадење, кое совршено одговара на нашата македонска кујна. Рецептот го пронајдовме на блогот Kayotic.

Маркетинг

СОСТОЈKИ

Маркетинг

·  2 шолји брашно
·  2 лажички прашок за пециво
·  Печена црвена пиперка
·  100 гр. црни маслинки
·  150 гр. фета сирење
·  2 лажички сушено оригано
·  1/3 шолја од 250 мл. маслиново масло
·  5 лажици мед
·  4 јајца
·  Сол, црн бибер
·  Путер

ПОДГОТОВКА:

Пиперката испечете ја на скара, на ринглата или во рерната да поцрни, ставете ја во еден сад и покријте ја со пластична фолија. Земете една четириаголна тава, прекријте ја со мрсна хартија и намачкајте ја со путер. Мешајте ги јајцата со миксер додека не се запенат, па додајте им го брашното кое сте го измешале со прашокот за пециво. Додајте го млекото, маслиновото масло, па сé добро измешајте.

Исечкајте ги фета сирењето, пиперката и маслинките на парченца и измешајте ги во тестото со дрвена лажица, па додадете сол, црн бибер и оригано. Загрејте ја рерната на 180Ц. Сипете го тестото во тавата и печете во претходно загреаната рерна околу 55 минути.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button