Реклама
Новости

Никола се јави од Струмица и сподели ПРЕУБАВА ВЕСТ – патува со икона, му подарија и тегла со ајвар

Пејачот денес треба да влезе во Грција

Реклама

Пејачот редовно се огласува на својот Инстаграм

Никола Роквиќ повторно се огласи на својот Инстаграм од Македонија, а даде изјави и за медиумите во Струмица.

Никола тргна пешки од Белград до островот Егина во Грција, а негова крајна цел е манастирот Свети Нектарие Едински.

Маркетинг

Пејачот пред 16 дена ја започна оваа своја животна мисија со која собира средства што ќе го донира за детската онкологија.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Никола Роквиќ

„Христос воскресе, радости моја. Драги луѓе, еве јас денес минувам низ Струмица. Ако даде Господ здравје јас утре би требало да влезам во Грција. Ви се заблагодарувам на љубовта, ви се заблагодарувам на поддршката, на благословите, на молитвите“.

„Само да ве известам дека дојдовме до 16 милиони денари, одиме понатаму до целта со Божја помош. На здравје и ви се заблагодарувам“, изјави тој во едно од своите последни огласувања на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/ Никола Роквиќ

Инаку, Никола секој де ја известува јавноста за своите авантури, а во текот на вчерашниот ден имаше и една посебна причина.

Фото: Инстаграм/ Никола Роквиќ

„На денешен ден, пред 8 години под крилјата на Белиот ангел, во нашата Милешева, се заколнав на вечност, на мојот најдобар пријател и мојата подобра половина што ми роди најголеми љубови и радости… Те сакам“, напиша тој објавувајќи и фотографија од црковната венчавка.

Фото: Инстаграм/ Никола Роквиќ

Потсетуваме, Никола во текот на вчерашниот ден помина низ Струмица од каде објави неколку снимки на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/ Никола Роквиќ

Тој на овој начин им се заблагодари на сите што го поддржуваат, а објави и видео на кое се гледа како држи икона во рацете што му ја подариле, на која пејачот посебно и се радуваше.

Фото: Инстаграм/ Никола Роквиќ

Никола потоа објави видео на кое пее позната македонска песна додека се движи кон границата со Грција, а како сето тоа изгледаше, погледнете од видеото и фотографиите во продолжение…

Фото: Инстаграм/ Никола Роквиќ

Фото: Инстаграм/ Никола Роквиќ

.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button