Реклама
Рецепти

Рецептот на доктор Оз за чај од банана!

Реклама

Пијалакот има необичен, но познат вкус на банана. Се подготвува со половина литар вода и една неизлупена банана, а може да се заслади со мед, ванилин шеќер или цимет.

Маркетинг

На страницата на познатиот доктор Оз се наоѓа рецепт за чај од банана. Според докторот, ова е одличен топол пијалак за пред спиење, односно за добар сон.

Подготовка: ставете половина литар вода во соодветен сад да зоврие. Земете една (не излупена, значи повторуваме – НЕизлупена) банана и исечете и ги краевите. Ставете ја бананата во врелата вода и оставете да се вари околу 10 минути. Потоа извадете ја и оставете го чајот да се излади па потоа го пијте. Невообичаениот вкус кој всушност веднаш ќе ви се допадне дефинитивно вреди да се проба. И не заборавајте дека сварената банана можете да ја изедете.

Пијалакот е со невообичаен, но добро познатиот вкус на банана. Доколку во една шолја чај додадете и половина лажичка цимет, резултатот ќе биде одличен. Доколку пак во другата шолја додадете лажичка мед – резултатот ќе биде уште подобар! Можете да додадете и ванилин шеќер и повторно нема да згрешите. Сите три комбинации се одлични, а доколку сакате можете да пробате и со обичен шеќер.

Маркетинг

Поврзаноста на бананата и сонот – зошто и како?

Доколку постои некоја природна намирница која може да биде алтернатива на таблетите за спиење тогаш тоа дефинитивно е бананата. Магнезиумот што го содржи ги опушта мускулите и така го смирува телото. Плус, кората од бананата не е прскана или е малку прскана со пестициди, што го покажуваат последните истражувања според кои јаболката и праските се на прво место, а бананите со уште некои други намирници на последно место (што во овој случај е одлична позиција!).

А тоа значи, покрај тоа што ќе ни побезбеди добар сон, можеме да бидеме сигурни и од таа страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button