Диети

План за слабеење во текот на летото

Реклама
Реклама

Со почетокот на летото почнува и интензивната преокупација со симнувањето на вишокот килограми, се со цел да изгледаме што е можно подобро во костим за капење на плажа.

Овде ви даваме план за слабеење во текот на летото со помош на кој ќе се ослободите од подуеноста, ќе го забрзате метаболизмот и секако – ќе изгледате многу поубаво!

Маркетинг

Овој план не се однесува на ригорозни диети, гладување и исцрпување на организмот, туку едноставно за воведување на некои промени во исхраната со помош на кои ќе ја зголемите енергијата, ќе го обезбедите потребниот внес на хранливи материи и ќе се ослободите од несаканите килограми.

За да се спасите од притисокот и ограничувањата на рестриктивните диети, ви предлагаме да си изберете една или две намирници без кои едноставно не можете и да си ги дозволувате неколку пати неделно. Така ќе се чувствувате среќни и задоволни, а воедно ќе го спроведувате планот за слабеење.

Маркетинг

Тајната на овој план за слабеење е во малите промени кои можат да направат големи разлики. На пример, заменете го полномасното млеко и млечните производи од полномасно млеко со млеко со ниска масленост, белиот леб заменете го со интегрален, и избегнувајте да ставате мрсни сирења и кашкавали, како и путер, во сендвичите. Исто така, погрижете се секој ваш оброк да содржи поголема количина на овошје и зеленчук со кои ќе ги обезбедите потребните влакна и витамини. Половина чинија од вашиот главен оброк треба да се состои од зеленчук.

Како да се ослободите од подуеноста?

Од оваа лоша и заморна појава ќе се ослободите ако ги применувате следниве совети:

Внесувајте поголеми количини на влакна: создадете си навика секојдневно да внесува што повеќе храна што содржи голема количина на влакна.

Пијте доволно вода: водата ја поттикнува работата на системот за варење и ја намалува подуеноста. Освен вода можете да пиете и растителни чаеви, секако без шеќер.

Намалете го внесот на кофеин бидејќи кофеинот помага да се задржи водата во организмот.

Намалете го внесот на алкохол бидејќи како и кофеинот, и алкохолот го помага задржувањето на водата во организмот цел еден ден по консумирањето.

Внимавајте на солта: натриумот предизвикува задржување на  водата и не треба да се внесува во количини поголеми од 1,500 – 2,300 милиграми.

Намалете ги зачините: многу зачини, посебно пикантните, можат да го иритираат стомакот и да предизвикаат подуеност.

Шетајте по оброците: Лесните прошетки по оброците ќе ви помогнат да се ослободите од заробениот воздух во цревата, а лесните вежби ќе ви помогнат да го забрзате варењето и да ја намалите подуеноста.

Намалете го внесот на калории

На почетокот определете колку килограми сакате да симнете и потоа дефинирајте си неделни цели и следете го нивното остварување. Секако, потрудете се целите да бидат реалистични и остварливи. Во текот на спроведувањето на планот се препорачува да користите мала чинија која ќе ја користите за сите оброци, што ќе ви помогне да ја намалие количината на порциите. Освен ова, следете ги и следниве совети за да го намалите внесот на калории:

Избегнувајте да јадете на брзина и од нога. Потрудете се за секој оброк да седнете на маса и да не правите ништо друго додека јадете, како на пример да читате весник или да гледате телевизија. Така ќе изедете многу помалку.

Ако сте гладни меѓу оброците јадете овошје или зеленлук или природен исцеден сок од овошје и/или зеленчук.

Потрудете се постојано да сте во движење, често шетајте, одете до продавницата, прошетајте ги децата или кучето, договорете се со пријателите да прошетате наместо да седите по кафулињата.

Водете дневник во кој ќе ги запишувате сите оброци и активности за тој ден и навечер прегледајте го напишаното да проверите дали некаде сте згрешиле.

Залепете на фрижидерот слика од вашите најдобри денови која ќе ве мотивира да се потрудите пак да изгледате така.

Забрзајте го метаболизмот

Пијте зелен чај кој содржи супстанци кои го намалуваат ризикот од мозочен удар, болести на срцето, канцерогени болести и дијабетес. Зелениот чај помага да се забрза метаболизмот и организмот да согорува повеќе калории.

Внесете цимет во исхраната, бидејќи циметот го зголемува нивото на инсулин во крвта што помага организмот поуспешно да ги преработува сите јаглени хидрати.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button