Реклама
Рецепти

Брза пита од јаболка

Реклама

За подготовката на оваа пита ќе ви бидат потребни околу 45 минути. Се прави многу брзо и едноставно, а има одличен вкус, така што со неа во секое време можете да ги изненадите и домашните и гостите!

Маркетинг

Потребни состојки
За тестото:
–    1/2 кг. брашно
–    2 јајца
–    1 маргарин од 250 гр.
–    6 лажици шеќер
–    Малку сол, малку млеко
–    Прашок за пециво

За филот:
–    1,5 кг. изрендани јаболки
–    Презла или неколку лажици овесни снегулки доколку не ги динстате јаболките
–    3-4 лажици шеќер
–    Суво грозје
–    Цимет
–    Малку лимон за арома – сок и малку изрендана кора

Маркетинг

За подготовката на оваа пита ќе ви бидат потребни околу 45 минути. Се прави многу брзо и едноставно, а има одличен вкус, така што со неа во секое време можете да ги изненадите и домашните и гостите!

Замесете го тестото од наведените состојки. Потоа поделете го на два еднакви делови и од нив направете топки. Расукајте ја едната топка и ставете ја на дното на соодветна повисока тава и избоцкајте ја со виљушка. Може и малку да ја запечете ако сакате, но не е неопходно. Потоа врз неа нанесете го филот кој претходно сте го направиле од наведените состојки. Врз филот повторно се става слој од тесто од другата топка. Се пече на 180 степени додека не порумени горната кора. Врз готовата пита можете да посипете малку шеќер во прав.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button