Реклама
Фитнес

Четири омилени вежби на фитнес инструкторите

Реклама

Фитнес инструкторите едноставно не ги изоставаат овие вежби во програмите за слабеење, тие се многу ефикасни ако правилно се изведуваат, а можете да почнете да ги правите уште денес – и тоа дома!

Маркетинг

Се смета дека просечно се потребни околу 150 минути умерен до интензивен тренинг за одржување на здравјето и кондицијата. Но, луѓето обично немаат толку време за физички активности. Затоа, ако можете да одвоите само малку време за вежбање ви препорачуваме да ги правите следниве вежби, кои тренерите никако не ги заобиколуваат, па не би требали ни вие!

ЧУЧЊЕВИ

{youtube}UXJrBgI2RxA{/youtube}

Маркетинг

Чучњевите ги активираат мускулите на долниот дел од телото, вклучувајќи го задникот, задниот дел од бутовите и квадрицепсите. Исто така, чучњевите помагаат да се поправи држењето на телото и мобилноста на зглобовите. Доколку сакате да ги постигнете предвидените резултати, треба да внимавате правилно да ги изведувате чучњевите.

ПРЕСКОКНУВАЊЕ ЈАЖЕ

{youtube}0NIvRAaOdlQ{/youtube}

Оваа вежба е добро позната на сите, и тоа од најрана возраст. Потрудете се да стане дел од вашата секојдневна рутина. Ако имате само 15 минути слободно време за вежбање, земете јаже и скокајте. Прескокнувањето на јаже гарантирано согорува многу калории така што ако редовно скокате брзо ќе ги видите резултатите и ќе сакате да скокате уште повеќе!

ШТИЦА (ПЛАНК)

{youtube}85KCT8Tt0CQ{/youtube}

Ова вежба спаѓа во грипата на функционални вежби кои ги раздвижуваат мускулите на целото тело и затоа фитнес тренерите никогаѓ не ги заобиколуваат. Штицата ќе ви помогне да го раздвижите целото тело, да ја подобрите издржливоста, силата и стабилноста.

СКЛЕКОВИ

{youtube}Q7cPaJZoOng{/youtube}
Склекови можете да правите каде било и кога било без некоја посебна претходна подготовка. Тие се неизбежен дел од програмите на фитнес тренерите бидејќи ги зајакнуваат градните мускули и трицепсите. Ако сакате да си ја олесните работата додека правите склекови тогаш клекнете на колена, а ако сакате да вложите дополнителен напор тогаш намалете го растојанието меѓу дланките.
извор:wall.hr

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button