Реклама
Стил

Еве зошто со првата дама на Америка нема шега – Меланија Трамп го возврати ударот!

Реклама

Меланија му објави војна на еден од најпознатите модни магазини

Познатиот магазин „Vanity Fair“ неодамна објави вест во која тврдеше дека Меланија Трамп всушност никогаш не сакала да стане прва дама и дека не ја сака таа титула. Но не помина многу време, а службата за односи со јавноста од Белата куќа ги демантираше таквите наводи. „Дел од либералните медиуми, овој пат ’Vanity Fair’ објави приказна која е полна со лажни наводи и анонимни извори. Навистина е срамно еден магазин за жени и понатаму да пишува невистини и лажни приказни чија цел е да ја понижат госпоѓата Трамп наместо да се фокусираат на она доброто што го прави таа како прва дама, но и како мајка. Повеќе пати е нагласено, таа се гордее и и преставува чест што ја носи оваа титула“, пишува во изјавата на портпаролот на Меланија.

Маркетинг

Во текстот, според ПР тимот на Меланија, се изнесуваат премногу невистини поврзани со првата дама па и самиот Доналд Трамп застана во одбрана на својата сопруга и преку својот налог на Твитер изјави дека таа навистина ја сака својата улога на прва дама.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button