Реклама
Хороскоп

Неделен хороскоп за периодот 30 ноември – 6 декември, 2015

Реклама

Прашање: Кое милениче најмногу одговара на Стрелец? 

Стрелец: Коњ, се разбира! Да се надеваме само дека ќе биде доволно издржлив да остане во чекор со мене.

nedelen30 1 

Маркетинг

 

Овен (21 март – 20 април)

Маркетинг

12oktoven

Оваа недела ќе бидете бескомпромисни кон луѓето кои се обидуваат да ве спречат да ги спроведете вашите планови или на било кој начин ве попречуваат вашата работа или создаваат друг вид проблеми во вашиот личен живот. Сфаќате дека неделава е важна, дека ви се даваат шанси и можности кои не смеете да ги пропуштите поради нечија интервенција, лицемерие, личен интерес или злоба.

Ќе имате прилика да се соберете дома или кај роднини. Ова ќе биде поволна недела за венчавка, свадба, крштевка или годишнина од брак.

Една од вашите главни грижи сега ќе биде да најдете начини и ресурси да ги решите домашните проблеми, проблемиte со имот/недвижнина, машини, автомобили и друго.

Во текот на неделата ќе имате емоционално нестабилни, но важни за вас, односи со лица родени во знакот на Риби, Рак или Шкорпија.

 

Бик (21 април – 20 мај)

12oktbik

Оваа недела ќе мора да се справите со очекувани или неочекувани проблеми поврзани со пари, финансиски документи, како и со други обврски. Непријатна ситуација може да се случи со личност во знак на Лав, Стрелец или Овен.

Бидете внимателни како ги чувате парите, банкарските картички, што ветувате и на кого му позајмувате пари.
Непријатен настан може да се развие во врска со здравјето на некој близок. Најтешкиот дел од работата е што тоа лице има комплексен и избувлив карактер и ќе биде тешко да му помогнете без конфликт или тензија.

Можна е разделба поради различни причини со лица во знакот на Јарец, Бик или Девица.

Мажите-Овен може да искусат промени на своите работни места, може да отсуствуваат од работа поради некоја причина или може да добијат уште една шанса во кариерата поврзана со претходна работа.

 

Близнаци (21 мај – 20 јуни)

12oktbliznaci

Оваа недела ќе следите различни настани или ќе очекувате вести поврзани со млада личност од машки пол. 

Постои можност за вести, разговори, состаноци во врска со момче/раѓање машко бебе.

Мажите-Близнаци до 35 години може да имаат обврски поврзани со плаќања, документи за домот или имот од друг вид.

Престои телефонски разговор со машко лице од друго место/земја.

Сега е подобро да посветите поголемо внимание на пријателствата на вашето дете. Обидете се да ги запознаете оние кои сè уште не ги знаете. Постои нешто што се случува, а вие сте го пропуштиле.

И покрај одложувањето на претходно планираното патување, сега може да ја отворите вратата за друга шанса.
Можни настани се поврзани со наследство, сопственост на родителите или со други слични настани и тие ќе се случуваат на растојание од вас.

 

Рак (21 јуни – 20 јули)

12oktrak

Оваа недела може да очекувате некои изненадувања. Во повеќето случаи, тие се поврзани со пари, финансиски документи, кредитни приходи.

Ќе имате способност да преговарате за подобра плата, подобра зделка или да имате поголема продажба доколку сте трговец.
Ќе има собир поврзан со жена која е ваша роднина или пријателка.

Љубовниот живот на жените-Рак над 35 години би можел да биде многу интересен оваа недела. Бидете активни во барање партнер, ако сте сингл. Ќе имате интересни можности за создавање нови врски.

Некои од вас ќе очекуваат развој на важна промена во животот на ќерка или внука.
Ако се наоѓате во процес на парница или судски спор, очекувајте поволна интервенција/совет од женско лице.

 

Лав (21 јули – 21 август)

12oktlav

Домашните проблеми оваа недела ќе создаваат потешкотии, за кои ќе ви треба повеќе време или ресурси да се справите. Ќе треба да ја разгледате можноста да замените опрема, продадете бескорисен имот/посед, да им овозможите на други луѓе да изнајмуваат или слободно да користат опрема.

Во принцип, оваа недела ќе вклучи мали грижи од материјална природа.

Важни контакти ќе се материјализираат со млад човек роден во знакот на Бик, Девица или Јарец. Можете да следите важни настани во животот на такво лице.
Бидете внимателни во справување со луѓе во знакот на Овен, Лав или Стрелец.

Здравствените проблеми поврзани со роднина може да се искомплицираат или да наложат нов третман, операција и друго.

Претстојат проблеми и компликации за оние од вас кои се во постапка за развод.

 

Девица (22 август – 22 септември)

12oktdevica

Оваа недела тешко дека ќе ги реализирате плановите и очекувањата поврзани со патување, особено кога работите се поврзани со или зависат од пари.
Претстои одложување на извесна сума пари, што очекувате да ги добиете од друго место.

Исто така ќе има одложување или друг вид пречка/компликација поврзана со патување во странство.

Во вашиот љубовен живот може да се појави необјаснив каприц и може да има недостаток на разбирање за проблемите и можностите на вашиот сегашен партнер. Емотивно, може да минувате низ несакани тестови во вашата врска, освен ако тоа не ви е важно.

Изненадувања мора да очекувате на работното место. Нови идеи ќе се појават за кои ќе се дискутира, а и различни предлози ќе се усвојат. Екстра пари може да ве израдуваат за празниците, бидејќи може да имате поголема продажбата, ако сте трговец или да најдете нови клиенти.

Оваа недела во вашата работа или бизнисот ќе се појави нова можност, којашто ќе биде прв чекор кон значајна промена во вашиот живот.

 

Вага (23 септември – 22 октомври)

12oktvaga

Голем дел од оние родени под знакот на Вага ќе почнат да го чувствуваат празничното декемвриско расположение почнувајќи од оваа недела. Ќе има неколку прилики за состаноци во врска со лични празници на пријатели или роднини. Можна причина за славење може да биде вашиот личен успех или успехот/признанието на близок роднина.

Може да очекувате повеќе од вообичаени средби, покани и предлози.

Ќе има решавање на важен документ за вас или добивање важни предлог/информации, коишто, всушност, нема да бидат изненадување за вас.
Оваа недела може да добиете пари кои ќе дојдат од роднини, пријатели или професионални контакти со лица родени во знакот на Шкорпија, Риби или Рак.

 

Шкорпија (23 октомври – 22 ноември)

12oktskorpija

Пред вас се бројни лични средби и разговори со луѓе од различни генерации кои имаат лична, пријателска или професионална врска со вас.

Жените-Шкорпија над 35 години ќе доживеат настан поврзан со млад брачен пар од семејството или од редовите на пријателите.

Наскоро може да доживеете разделба од пријатели кои се во процес на промени во животот. Меѓутоа, разделбата може да се случи поради силни противречности, конфликтни цели и методи за нивно постигнување, како и поради други причини. За жал, оваа недела поранешен пријател може да оди на суд или да контактира правна институција.

Поради желба да постигнете ваша цел или да ви биде драго за нешто посебно, може да си создадете нереални очекувања, или да присилите некој да ви вети нешто што нема да биде испочитувано. Сега ќе имате голема потреба да бидете реални и практични во вашите акции, ако сакате да се заштитите себе си од загуби и разочарувања. Евентуални конфликти ќе бидат ваша вина…

 

3d star

Стрелец (23 ноември – 21 декември)

12oktstrelec

Оваа недела ќе биде важна за вас на финансиски план поради потребата за посебни средби, разговори и активности поврзани со пари. Ќе договарате финансиски односи или обврски со машко лице. Може да зборувате за прашања поврзани со сегашни или идни плаќања, исплати за услуги извршени од ваша страна, како и за работа и обврски.
Ќе примите или испратите пари во врска со ова лице.

Конфликт ќе произлезе во вашиот дом или семејството поврзан со жена. Можно е таа да ве предизвика со избрзани/лекомислени или намерни коментари, обвинувања, па дури и закани.

Вашето здравје или здравјето на некој близок ќе предизвика загриженост. Можеби медицински третман ќе ги искомпромитира вашите планови или ќе биде премногу скап во финансиска смисла.

На прагот сте да донесете тешка одлука во врска со вашата иднина.

 

Јарец (22 декември – 20 јануари)

12oktjarec

Оваа недела бидете многу внимателни и внимателно изберете ги луѓето со кои ќе комуницирате/ќе бидете заедно. Постои можност од судири поврзани со тешки/мрзоволна личности, како и со различни ставови по професионални, социјални или политички прашања, и друго.

Ова ќе биде неповолна недела за ново пријателство или за излегување на состаноци и, ако се укаже можност, внимателно проверете го другото лице. Не брзајте да му ја дадете вашата доверба.

Ќе разгледувате можност за некој вид купување или продажба. Дајте си време за подобро да го разгледате таквиот чекор. Доколку е потребно, побарајте совет. Најважно е да не дејствувате набрзина и емотивно.

Среќен настан ќе вклучи дете или млад човек. Успехот или личната прослава ќе биде повод за собир или за забава надвор од вашиот дом.

 

Водолија (21 јануари – 19 февруари)

12oktvodolija

Оваа недела ќе имате состанок или неочекувана посета за време на која ќе добиете непријатни вести. Можно е дека станува збор за настан што веќе се случил неодамна.

Ќе има одложување на собир или состанок поради неочекувани настани во животот на лица со кои сте имале таков договор.

Сите вести или информации оваа недела се чинат чудни, со тоа што тоа е многу веројатно тие да се лажни или да ве доведат во заблуда за измамнички цели; работите може да бидат доста различни во реалноста. Останете воздржани и проверете ги работите внимателно пред да откажете или одбиете нешто.

Оваа недела може да добиете пари преку документ или вие ќе изготвите и потпишете документ со кој ќе заработите пари или повисока плата во блиска иднина.

 

Риби (20 февруари – 20 март)

12oktribi

Оваа недела може да очекувате радосни вести или телефонски разговор со девојка/млада жена. Можно е таа да живее далеку од вас или да се случи важно патување.

На работното место може да има причина за славење или коментари кои се однесуваат на семејството или бракот на еден од вашите колеги, деловни партнери или клиенти.

Може да има разговори за можна нова работа или привремен професионален ангажман со некој од вашиот круг на пријатели.

Поранешен неуспех, грешка или непријатна ситуација од минатото може да се појават поради некоја причина, а тоа може да го расипе вашето расположение за кратко време. Дефинитивно ќе барате многу поголема смиреност во овој период од животот.

 

Големиот месечен хороскоп за ноември ве чека овде.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button