Реклама
Хороскоп

Неделен хороскоп за периодот 29 февруари – 6 март, 2016

Реклама

Како се молат хороскопските знаци:
РАК: „Драг Татко, знам дека не треба да зависам толку од тебе, но ти си единствениот на кого можам да се потпрам додека моето ќебе е на хемиско.“
ЛАВ: „Здраво,попе. Се обложувам дека си навистина горд што ме имаш мене за твое дете!“
ДЕВИЦА: „Мили Боже, Те молам да го направиш светот подобро место за живеење, ама немој да зафркнеш како минатиот пат.“

nedelen29prva

Кетрин Хепберн (во хороскоп Бик) е првата актерка која почнала да носи панталони на филм

Маркетинг

ОВЕН (21 март – 20 април)

Маркетинг

Оваа недела пред вас се настани кои ќе ве ослободат од некоја тежина, загриженост. Може да доживеете некој стрес, но во исто време ќе чувствувате и ќе знаете дека тоа е неопходно, тоа е животот. Ќе ставите крај на нешто, но ќе започнете друго што ќе биде еден вид чекор напред. Пријатни моменти поврзани со домот или живеалиштето за мажите-Овен. Ќе купите нешто за домот. Очекувани, но мали, финансиски потешкотии или проблеми. Ќе имате итна исплата и/или одложена добивка на пари. Кој и да е специфичниот проблем, ќе биде расчистен во рок од една недела.

БИК (21 април – 20 мај)

Оваа недела ќе има шанса за заживување на стари идеи и планови поврзани со вашето семејство или бизнисот. Ќе ги разгледувате истите и ќе водите разговори за нивна реализација. Околностите се чини дека се поповолни сега. Ќе има повторно обединување на семејството, по период на разделба или поради посебен повод. Вашите пријатели ќе ве израдуваат со вести за ваша поврзаност со нивен неочекуван успех, среќа, напредок… Ќе добиете покана за собирање со пријателите, каде што можете добиете корисни и интересни информации. Очекувајте повисоки трошоци за различни плаќања, сериозни пречекорувања на лимитот. Чувајте ги вашите финансиски документи и вашиот паричник подалеку од туѓи очи или од загуба на јавен простор.

БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)

Оваа недела ќе ве воодушеви со материјална или финансиска добивка или успех. Поволен развој на вашите активности и обврски поврзани со пари, имот и слично. Ќе им посакате добредојде на гости кај вас дома. Веројатност за нови лица во семејството или во соседството кои ќе ги среќавате со неверување, со доза на сомнеж. Бидете подготвени за нови можности и поволни околности да постигнете некоја цел. Можеби ќе се грижите или ќе одите во посета на некој болен, близок и сакан.

РАК (21 јуни – 20 јули) 

Оваа недела жените-Рак ќе имаат причина да бидат отсутни од дома. Можно патување во друго место, град или држава. Заштитете го вашиот дом од вмешување или негативно влијание, или интрига предизвикани од жена која страда од сопствена несреќа или загуба. Веројатно овие активности ќе бидат под влијание на сугестијата дека вие имате вина за нејзината лична трагедија.
Непријатен конфликт со пријател кој може да ве вознемири или расплаче. Ова може да се однесува и на вашата љубовна врска, исто така. Дејствија од страна на веројатно постара личност ќе ве натераат да размислите или да преземете некои непланирани одлуки и акции.

ЛАВ (21 јули – 21 август)

Поволно влијание врз вашиот живот од женско лице во знакот на Бик, Девица или Јарец. Жените-Лавици ќе бидат во можност да остават добар впечаток, да се претстават добро во јавноста меѓу непознати или луѓе кои имаат предрасуди кон нив. Ова ќе биде недела поврзана со различни апарати за домаќинство или имотни прашања и тие ќе ви донесат, во повеќето случаи, позитивни емоции. Дури и ако постои напнатост, тоа ќе биде поради поголемата одговорност кон настаните. Гест на внимание или подарок ќе добиете од лице во знакот на Близнаци, Водолија или Вага. Конфликт ќе се развие со дете и ќе биде поврзан со пријателите од неговата околина, ставовите или комуникацијата. Љубовна врска или брачен проблем ќе се појави во животот на ваше дете/внук. Можно е да влезете во конфликт поврзан со ваше дете.

ДЕВИЦА (22 август – 22 септември) 

Оваа недела е можен собир или разговор со многу луѓе за важни или итни проблеми, или задачи кои изискуваат заедничка акција. Можни здравствени проблеми на некој близок ќе почнат да се развиваат во сосема поинаква насока од она за што првично сте добиле информации. Постои можност за измама од страна на роднина или пријател, што ќе биде тешко да се прифати. Решавање на финансиски или други односи со лице во знакот на Овен, Лав или Стрелец. Постои можност за сериозни разговори и средби со таква личност. Оваа недела ќе донесе голем број изненадувања за мажите- Девица и во повеќето случаи тие ќе бидат поврзани со други машки лица.

ВАГА (23 септември – 22 октомври)

Оваа недела е можно да добиете лоши вести во врска со женска роднини или пријателка. Неочекувана несреќа, незгода или друг стресен развој во нејзиниот живот. Работата на вашиот брачен другар или интимен партнер ќе биде важен настан или тема на разговор. Претстојат измени во напредокот/благосостојбата на целото семејство. Во некои случаи можно е креирање нов семеен бизнис или иновации во веќе постоечкот бизнис. Патување поврзано со женско лице ќе треба добро да се испланира. Ова ќе биде поволна недела за патување, особено за мажите- Вага.

ШКОРПИЈА (23 октомври – 22 ноември)

Повеќето жени-Шкоприја ќе патуваат оваа недела или ќе запознаат жена од друго место. Генерално за жените, неделава ќе донесе голем број настани и емоции поврзани со патување или луѓе од далеку. Ќе се натажите или разочарате од дејствија на пријател/ка кој ќе ви даде надеж или ветување, но тоа нема да се случи, нема да се развива. Постои можност за привремено раздвојување од интимниот партнер поради патување или друга причина. Ќе се разочарате од некоја личност во знакот на Шкорпија, Рак или Риби.

СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)

Ќе бидете вклучени во разговор или дискусија за теми во врска со вашата иднина, идна позиција, план и слично. Саканото лице ќе постигне успех во професијата или во општествените активности. Ќе бидете во можност да најдете решение, или ќе добете помош за решавање на проблеми што се однесуваат на здравје, дете или внук/а. Апарати за домаќинство или имотно-правни прашања на ваши пријатели или соседи некако ќе ве засеганат и вас. Оваа недела ќе биде запаметена поради важен состанок или собир. Тоа може да биде повод да поканите луѓе во вашиот дом. А и вие лично ќе бидете поканети кај роднини или пријатели.

ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ – 20 ЈАНУАРИ)

Ќе бидете во можност да постигнете разбирање и помирување со пријател со кого сте имале недоразбирања, спорови и конфликти во последниве неколку дена или недели. Ќе доживеете неочекувана ситуација или ќе одите на настан каде може да сретнете ново/непознато лице кое допрва треба да биде дел од вашата иднина. Очекувајте развој на одредени настани во животот на роднина или пријател што ќе влијаат врз вас директно. Од нив ќе зависат некои ваши идни одлуки и акции. Интересни можности за жените-Јарец во врска со финансиско обезбедување на различни планови, реновирање или преместувања во домот или ентериерот. Ќе добиете пари од женско лице (најверојатно роднина).

ВОДОЛИЈА (21 јануари – 19 февруари) 

Оваа недела се можни проблеми од финансиска природа поврзани со машко лице (роднина или пријател). Тешкотии и пречки може да се појават при добивање пари преку документ, банка или од друго лице. Здравствени сигнали што ќе бидат потсетник дека мора да преземете соодветна грижа и внимание. Избегнете го стресот и обидете се да размислувате позитивно во врска со сложени или емоционални ситуации неделава. Можеби ќе треба да помогнете во ситуација поврзана со син, внук… Некако тешка недела за вас, првенствено поради поголеми домашни грижи и обврски. Проблемите дома чекаат на вас да се решат. Ќе имате поголема одговорност кон најблиските и други сакани.

РИБИ (20 февруари – 20 март)

Ова недела е погодна за неконвенционално лекување, вклучувајќи различни хомеопатски лекови/билки. Поволен развој во лечењето на член на семејството или близок пријател. Помирување во афера поврзана со недоразбирања, несоодветен настан/реакции. Непријатни вести во тек на некое патување и тие ќе ви бидат пренесени вам или, пак, вие ќе бидете вклучени на некој начин во ваков настан. Претстои ваше посериозно ангажирање за расчистување на финансиски проблеми или плаќања. Поволна недела за решавање на нејасни или проблематични односи со други лица поврзани со финансии, неплатени сметки или заеми/кредити. Можно е да ве посети машко лице кому му треба финансиска помош или совет.

Големиот хороскоп за цела 2016 година ве чека овде, додека за месечниот хороскоп за февруари 2016 кликнете тука.

Илустрации: Aestheticsillustrated.blogspot.mk »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button