Реклама
MAMAКафе муабет

За Денот на жената не сакам скапи подароци. Покажи ми љубов, покажи ми дека ти значам

Реклама

За Денот на жената не сакам да го одбереш најскапиот и најубавиот подарок од продавница и да ми приредиш изненадување. Парите не ми ја докажуваат твојата љубов. Покажи ми со твоите постапки колку ти значам.

ФОТО: herway.net

Не сакам да внимаваш на мене само еден ден во годината, а останатите да ни поминуваат без искажување емоции и среќа. Сакам да почувствувам колку сум сакана, да знам дека покрај мене имам личност која ме поддржува и ми помага. Понекогаш кога сум уморна, сакам да имам до мене некој кој ме разбира и кој ми дозволува да бидам секогаш своја.

Не ми значат скапите подароци, ако во нив нема љубов. Доволно е мало цвеќе скинато од градината, тој гест повеќе ќе ми зборува отколку кој било скап часовник или смартфон. Не сакам да верувам дека се претвораме во роботи кои едвај чекаат да дојде еден ден во годината за да искажат внимание. Јас сум жена, но не само еден ден во годината. Јас сум жена која секојдневно има потреба од внимание и нежности.

Маркетинг

Сакам секој нов ден да се будам со насмевка на лицето затоа што знам дека покрај тебе сум сигурна. Сакам заедно да влегуваме во авантури и да се смееме до бескрај, а потоа заедно да заспиеме, уморни и со исполнети срца.

Сакам секој ден да биде НАШ ден, но не полн со подароци и скапи вечери, туку полн со разбирање, утеха, насмевки, радости, нежности, љубов…

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button