Реклама
Коса

Природни маски за сјајна коса

Реклама

Вашата коса го изгубила сјајот, влакната се кревки, суви и испукани, сте испробале повеќе различни средства, но никако да го решите проблемот …

Не очајувајте, со неколку едноставни рецепти можете да го повратите сјајот на косата!

Маркетинг

За почеток можете да пробате маска направена од десет лажици бадемово, маслиново и рицинусово масло и една лажица ружино масло. Маската треба да ја втриете во косата пред спиење и да ја оставите да делува во текот на ноќта, а наутро да ја измиете со неутрален шампон. Доколку ви паѓа косата, во шампонот со кој се миете додајте неколку капки етерично масло од лаванда или јасмин, кои го зајакнуваат коренот на косата.

Доколку имате светла коса, таа ќе биде убава и сјајна ако во шампонот додадете неколку капки масло од рузмарин. Сјајот на темната коса ќе го вратите со помош на маска направена од две белки од јајце и јако црно кафе. За црвена коса се препорачува маска направена од јагоди и сок од јаболка. Маските треба да се држат на косата околу половина час. За костенлива коса, наместо сок од јаболко се препорачува сок од боровница или црна рибизла.

Маркетинг

Едно одлично средство кое ќе ви помогне да го вратите сјајот на косата е оцетот. Измешајте пет лажици оцет со две лажици вода и нанесете на косата. Оцетот има многу јак мирис, но мириса кратко време, додека не изветрее, потоа останува само сјајната коса. Оцетот исто така е одлично средство за отстранување на перут!

Како поблага варијанта, наместо оцет може да се користи сок од лимон. На мокра коса се нанесува мешавина од пет лажици лимонов сок и една лажица мед, се остава да делува дваесетина минути и потоа се мие. За екстра сјај, на крајот косата може да се полие со мешавина од вода и јаболков оцет. Кога ќе се исуши косата, нема да мириса на оцет. Пробајте!

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button