Реклама
Нега и здравје

Најдобри намирници за летно прочистување на организмот

Реклама

За да бидете поздрави и поубави не мора да преземате некои радикални чекори. Понекогаш се доволни само мали промени во исхраната и начинот на живот.

Погрижете се следниве намирници да станат дел од вашата исхрана и ќе го прочистите организмот, ќе го забрзате губењето на вишокот килограми и ќе го подобрите расположението!

Маркетинг

Лук

Лукот е добар за срцето, но исто така помага и во прочистувањето на организмот од отровите, благодарение на неговите антивирусни, антибактериски и антибиотички својства. Исто така, лукот содржи алицин, кој го поттикнува создавањето на бели крвни клетки и помага во ослободувањето од отровите.

Маркетинг

Зелен чај

Пиењето зелен чај претставува еден од најдобрите начини за детоксикација на организмот. Зелениот чај е богат со антиоксиданси и го штити црниот дроб од заболувања.

Ѓумбир

Ѓумбирот е многу делотворен во случај на појава на мачнина, подуеност, лошо варење и гасови, кои често се резултат на негативното влијание на алкохолот и мрсната храна на организмот. Богат е со антиоксиданси и го подобрува имунитетот.

Лимон

Лимонот е едно од најефикасните средства за прочистување на организмот. Изобилува со витамин Ц и антиоксиданси кои прават чуда за кожата, како и во одбраната на организмот од слободните радикали кои предизвикуваат болести. Лимонот има и алкален ефект и помага во воспоставувањето на Пх рамнотежа, со што се подобрува имунитетот.

Овошје

Свежото овошје е богато со витамини, минерали, влакна и антиоксиданси, а истовремено содржи многу малку калории. Поради тоа овошјето е главна компонента на секој план за детоксикација. Најдобро е да се јаде наутро, но може да се јаде и како ужина во текот на денот. Овошјето го подобрува варењето на храната и прочистувањето од отровите.

Цвекло

Цвеклото содржи големи количини на магнезиум, железо и витамин Ц, и е многу корисно за организмот. Исто тала, цвеклото помага во контролата на холестеролот и го чисти црниот дроб. Може да се јаде свежо или варено, или во форма на сок.

Интегрален ориз

Интегралниот ориз содржи витамин Б, магнезиум, манган и фосфор, кои помагаат во прочистувањето на организмот. Многу е делотворен и во прочистувањето на дебелото црево, а исто така е богат со селен, кој го штити црниот дроб и ја подобрува состојбата на кожата.

Извор: klix.ba

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button