Реклама
Коса

Одговори на 6 најчести прашања поврзани со косата

Реклама

 Експертот за коса, Ева Скриво, ни дава одговори на најчестите прашања поврзани со тоа како да избереме најсоодветна боја на коса, кои фризури се најлесни за одржување и многу други интересни совети.

Дали е подобро за косата да ги менуваме шампонот и балзамот што ги користиме на неколку месеци?

Маркетинг

Само ако не сте задоволни со изгледот на вашата коса. Генерално, косата реагира на производите, така што ако го смените шампонот и балзамот може да постигнете различен ефект. На пример, ако сакате помазна коса, пробајте хидратантен шампон, кој остава влага што ја затвора кутикулата на влакното. Но, ако користите производи за нега на косата кои ви се допаѓаат, нема причина да ги менувате.

Кажете ни неколку едноставни трикови што ќе ни помогнат да избереме боја со природен изглед за бојадисување на косата во домашни услови?

Маркетинг

Бојата за коса треба да одговара на веѓите. Вашите веѓи треба секогаш да ви бидат водич за тоа што изгледа природно и која би била најсоодветната основна боја. Овој принцип функционира дури и кога ќе почне да ви побелува косата, бидејќи веѓите не губат меланин и не побелуваат со истата брзина како влакната на косата.

Која е најуниверзалната фризура што имстои убаво на жените над 40?

Шишки на страна со меки степени околу лицето. Ваквата фризура го омекнува вратот и ги истакнува јаболчниците. Асиметричната линија на долгите шишки зачешлани на страна исто така го издолжуваат лицето.

Што да направам за да не ми паѓа бојата за коса толку брзо?

Почнете со соодветна подготовка на косата. Пред да ја бојадисате косата, посебно побелените влакна, измијте ја со шампон за да ги отстраните маснотиите, нечистотијата и остатоците од производите за коса, што можат да го попречат навлегувањето на бојата во влакното. Потоа, почекајте 72 часа пред повторно да ја измиете косата со шампон. Бојата е најподложна на измивање во првите неколку денови и миењето на косата набргу по бојадисувањето ќе ја измие и бојата и таа побргу ќе избледи. Бидејќи топлината ја проширува кутикулата на влакното, предизвикувајќи поголем број од молекулите на бојата да се измијат, внимавајте водата да не биде многу топла кога нанесувате шампон и ја измивате косата за бојата да го задржи сјајот и свежината.

Каков шампон ќе ми помогне косата да не ми се разлетува и витка? Не сакам да користам балзам бидејќи од него косата бргу ми се мрси.

Нахдобриот начин да се скроти разлетаната коса е со природните масла на косата. Обидете се да не се миете со шампон толку често, ако го прескокнете миењето со шампон еднаш или два пати неделно ќе се задржат повеќе природни масла на главата. Инвестирајте во четка со влакна од дива свиња: таа ги разнесува маслата надолу по должината на влакното, обвиткувајќи и измазнувајќи ја кутикулата. Исто така треба да користите и балзам. Ако сметате дека од него ви се мрси косата, најверојатно ставате премногу и/или нанесувате многу блиску до коренот на косата. Поделете ја косата на четири дела и за секој дел употребете балзам во количина од зрно грашок, нанесувајќи само од средината на влакното до крајот. Наш предлог: Suave Professionals Keratin Infusion Smoothing Shampoo и and Conditioner ($12, amazon.com).

Кажете ни брз и лесен начин да се добие волумен?

Причина број еден за коса без волумен е погрешната фризура. Производите за коса што ветуваат голем волумен обично го губат дејството по неколку часа, така што, ако косата не ви е соодветно ишишана на прво место, најверојатно полниот волумен што ќе го постигнете ќе биде многу краткотраен. Вистинските слоеви односно степени се од суштествено значење за постигнувањето на волумен: кратки слоеви на горниот дел од главата ќе придонесат останатиот дел од косата да изгледа рамна и залепена. Побарајте од вашиот фризер да ви направи долги степени, кои се исечени на краевите на косата за да се создаде волумен и движење. Откако ќе ја добиете вистинската фризура, можете да постигнете поголем волумен со пена за коса. Клучната работа е да ја нанесете пената кога косата ќе биде околу 75% сува. Ако ја нанесете пената на мокра коса, косата ќе ви се залепи за главата и ќе изгледа ретка. Косата природно почнува да се крева како што се суши, така што со нанесувањето на производ за обликување на косата во тој момент ќе се постигне максимална полнота и волумен. Наш предлог: Dove Style+Care Nourishing Amplifier Mousse ($5,amazon.com).

Извор: www.goodhousekeeping.com

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button