Реклама
Хороскоп

Голем месечен хороскоп: Слободните Близнаци ќе имаат можност за нова врска, а Стрелците ги очекуваат проблеми во љубовта

Реклама

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП (НОЕМВРИ 2017).

 mesechen

Овен

Маркетинг

Работа:

Што се однесува до работата, ситуацијата ќе ви биде повеќе од одлична. Невработените Овни ќе имаат доста добри понуди и би требало да ги разгледаат работите од секаков аспект, доколку сакаат да донесат добра одлука.

Маркетинг

Здравје:

Енергијата ќе ви биде на завидно ниво и ќе се чувствувате одлично. За секој случај, водете сметка за исхраната.

Љубов:

Ќе се дружете во круг на влијателни луѓе и таму можете да запознаете интересна личност. Љубов можете да пронајдете во деловното окружување, додека пак Овните кои се во брак ќе паднат во искушение да го изневерат партнерот.

Бик

Работа:

На полето на кариерата можен е напредок, но само доколку бидете трпеливи. Сепак, ќе имате и доста препреки кои ќе можете да ги совладате само со верни колеги и пријатели. Можен е и долг службен пат кој ќе ви пружи прилика професионално да се докажете.

Здравје:

Целиот месец ќе бидете особено чувствителни. Неопходно ви е поголема релаксација и одмор, но и вежбање, со цел да го избегнете стресот.

Љубов:

Кога се во прашање излегувањата и дружењето, ќе бидете особено активни во текот на целиот ноември. Поради тоа ќе запознаете многу нови личности, но и една посебна со која би можеле да остварите многу добра врска. Биковите кои се во брак ќе уживаат во хармонични односи со семејството.

Kармата и хороскопските знаци >>>

mesecen2

Близнаци

Работа:

Овој период е поволен за развој на нови планови во кариерата. Влијанието на Меркур ќе ви помогне во текот на овој месец да остварите некои исплатливи работи. Сепак, ќе имате и некои турбуленции, па добро е да прифатите помош од семејството и пријателите.

Здравје:

До втората поволина на ноември ќе се чувствувате одлично, а потоа обидете се да вежбате што е можно повеќе, а внимавајте и на исхраната.

Љубов:

Ако сте сами, конечно ќе запознаете личност со која можете да остварите квалитетна врска. Оние Близнаци кои се во брак треба повеќе да се посветат на нивниот партнер, а и да се обидат да му исполнат некои желби. Ве очекува страст, но и потенцијални кавги, па затоа обидете се да се контролирате. Можна е и изненадна бременост.

mesecen3

Рак

Работа:

Пред да донесете каква било одлука, размислете добро. Несогласувањата со семејството негативно ќе влијаат на вашиот деловен успех, па најдобро е прво да ги решите сите недоразбирања, па потоа да влезете во нови потфати. Невработените Ракови ги чека одлична понуда.

Здравје:

Користете природни лекови, спијте доволно и здравјето ќе ви се поправи значително.

Љубов:

Каде и да се појавите, ќе ги освојувате луѓето со вашиот шарм, што е добра прилика за да остварите романтична врска. Сепак, тоа ќе биде кратка врска без иднина. Раковите кои веќе го кажале судбинското „да“ ќе бидат во искушение да побараат нови возбудувања надвор од нивната постојана врска, што може да биде голем ризик.

Лав

Работа:

Вашите амбиции накратко ќе мора да мируваат, затоа што секој обид да постигнете нешто ќе ви пропадне поради семејни проблеми. Нема да имате ниту волја, ниту концентрација, па најдобро е да почекате да замине ноември.

Здравје:

После 23-ти ноември здравјето ќе ви биде многу подобро. Потрудете се доволно да се одморате, а во секојдневието воведете и некоја забавна активност која ќе ве ослободи од стресот.

Љубов:

За разлика од кариерата, на полето на љубовта ќе се чувствувате подобро од кога било. Слободните Лавови ќе имаат доста додворувачи, а врската без обврски може да прерасне во нешто сериозно. Оние кои се во брак ќе уживаат во хармоничните односи со партнерот. Ноември е одличен месец за бременост.

Како е да се биде во љубовната врска со припадниците на знакот Рак>>>

 

mesecen2

Девица

Работа:

Професионалните амбиции ќе мора да почекаат. Фокусирајте се на решавање на семејните проблеми, затоа што од тоа може да ви зависи целата иднина.

Здравје:

После 22-ри ноември ќе мора повеќе внимание да посветите на вашето здравје. Не игнорирајте ја вртоглавицата.

Љубов:

Слободните Девици би можеле да ја запознаат својата сродна душа, а можна е и изненадна одлука за венчавање. Љубовта може да ја пронајдете на работа или во социјалното окружување, а вашето семејство ќе биде воодушевено од новитетите кои ви се случуваат. Девиците кои веќе имаат партнер ќе се посветат на заеднички излегувања, со што ќе си обезбедат хармонија во меѓусебните односи.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница

Поврзано

Back to top button