Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Голем месечен хороскоп за април: Девиците ќе имаат проблеми со финансиите, а Јарците ќе ја обноват старата врска

Реклама

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП (АПРИЛ 2018).

Овен

Маркетинг

Работа:

Добро проверете ја вашата соработка со одредени личности, посебно ако соработувате со Скорпија или Јарец. Во периодот од 7 до 22 април очекувајте посебен успех на полето на финансиите. Ова ќе биде клучен период за вашата кариера: можни се напредувања, но и нови работни понуди кои би требало да ги прифатите. После 24 април Венера влегува во вашето астролошко поле на патувањата и комуникациите, па можно е да заминете на пат и да потпишете нови договори.

Маркетинг

Здравје:

Неопходно е повеќе да се движите. Искористете го секој ден кога ќе биде убаво времето за излет во природа. Чистиот воздух и сонцето ќе ви го вратат расположението. Исто така консумирајте повеќе свежо овошје и зеленчук.

Љубов:

Ако сте во врска, тогаш ќе бидете склони кон прикривање на нешто од вашиот партнер. Вашето чудно однесување ќе предизвика сомнеж кај другата страна, при што можни се несогласувања и изладени односи. Доколку пак сте слободни, тогаш очекувајте повик од вашиот бивш партнер, а кај некои претставници на овој знак можна е обнова на некоја мината оврска. Некои Овнови ќе влезат и во тајна врска…

Бик

Работа:

Овој месец ќе имате отежната координација со соработниците. Концентрацијата ќе ви биде опадната, вниманието ќе го посветувате на некои неважни работи, па врз основа на ова ќе бидете склони кон повеќе пропусти и грешки. Почетните тешкотии ќе ги преминете во средината на овој месец, кога ќе научите да бидете поорганизирани.

Здравје:

Потребно ви е повеќе одмор и што е можно повеќе избегнувајте стресни ситуации. Избегнувајте брза храна.

Љубов:

Ако сте во врска, во почетокот на овој месец ќе почувствувате ослабната комуникација со вашиот партнер и не ќе можете да ги усогласите вашите меѓусебни потреби. Заедничко патување или излет ќе ви дојде сосема добро. Најважно е да поминувате повеќе време во заеднички активности. Доколку пак сте слободни, тогаш овој месец ќе почувствувате силна потреба да бидете во сериозна врска, но во почетокот нема да имате јасна претстава кој би можел да биде идеалниот кандидат. Обрнете внимание на своите потреби.

Kармата и хороскопските знаци >>>

mesecen2

Близнаци

Работа:

Во април месец ќе ви стане јасно со кој можете да соработувате, кој може да ги почитува вашите барања и обврски, а во кој не треба да имате доверба и треба да ја прекинете соработката. Некои проекти ќе бидат одложени поради недостаток на финансиски средства. Од друга страна, вашата креативност ќе биде зголемена, па при крајот на месецот очекувајте поволни резултати. Невработените Близнаци ќе имаат можност за вработување во трговија и во сектори за човечки ресурси.

Здравје:

Во првата декада од месец април вашиот имунитет ќе опадне и здравјето ќе ви биде почувствително. Можна е настинка и склоност кон вируси. Втората половина одо овој месец ќе се чувствувате подобро, но сепак ќе ви биде потребно повеќе излегување на чист воздух.

Љубов:

Ако сте во врска, избегнувајте повлеченост во вашата врска. На вашиот партнер му е потребна поголема иницијатива од ваша страна, повеќе комуникација и поголеми заеднички планови и активности. Доколку пак сте слободни, во текот на април ќе почувствувате зголемена страст, па повеќе ќе ве интересираат забави и авантури, отколку сериозна врска. Повеќе ќе излегувате со пријателите и ќе посетувате места каде можете да запознаете некоја нова личност, расположена да ве следи во вашите авантуристички планови.

mesecen3

Рак

Работа:

Бидете внимателни и уште еднаш погледнете ги плановите за претстојниот период, за да не направите пропусти. Ќе ви биде потребна реорганизација во начинот на работење, а со вашиот авторитет ќе можете да ги подобрите односите со надредените. Сепак, во првата декада од месец април не склучувајте нови договори и партнерства, тоа оставете го за при крај на месецот. Почнете повеќе да одржувате деловни состаноци, со цел побрзо да дојдете до посакуваниот успех.

Здравје:

Потребно е повеќе да консумирате зелен зеленчук, како на пример блитва, брокула… Можни се проблеми со дигестивниот систем.

Љубов:

Доколку сте во врска, ќе посакате да бидете поблиски со вашиот партнер, но сепак, некои заеднички цели не ви се сложуваат. Избегнувајте конфликти, па вашиот партнер ќе биде подготвен да ви биде поддршка. Ако сте слободни, тогаш кон средината на овој месец ќе имате можност да запознаете личност која многу ќе ве привлекува, но и вие неа. Помеѓу вас двајцата веднаш ќе се појави хемија и ќе имате возбудливи авантури, при што и двајцата ќе се чувствувате исполнето. Но, не фантазирајте премногу. Прилагодете се на реалноста и работите ќе дојдат во нормален ред.

Лав

Работа:

Првите денови од овој месец бидете внимателни во давањето деловни услуги, затоа што можете да наидете на потешкотии. Некој важен долгорочен проект уште од минатото, овој месец може да ви ги даде посакуваните резултати, а со тоа да ви донесе дополнителен успех во кариерата. Ако се занимавате со изработка на уметнички предмети или накит, тогаш ќе успеете да продадете повеќе отколку што очекувате, па ќе станете и попопуларни. Невработените Лавови би имале можност да се вработат во некој услужен сектор. Потенцијалните работодавачи ќе ги согледат вашите вистински квалитети, што ќе ви биде од огромна помош.

Здравје:

Вашиот имунитет ќе биде јак и стабилен, што ќе ви донесе добро здравје. Ќе чувствувате потреба за физички активности, па ќе започнете да вежбате самите дома или пак ќе отидете во теретана. Сето ова позитивно ќе влијае како на вашата физичка, така и на вашата психичка состојба.

Љубов:

Ако сте во врска, вие и вашиот партнер одлично ќе се сложувате кога се во прашање заедничките цели и постапки. Сепак, бидете многу внимателни, зашто лесно можете да влезете во конфликти и недоразбирања. На полето на емоциите, еден со друг ќе успеете да се разбирате, па ќе си пружите што ви е потребно. Запаметете дека довербата е најважна во една врска. Доколку сте слободни, ќе запознаете некој во кој ќе се заљубите уште веднаш. Тоа ќе ве мотивира и ќе бидете спремни да жртвувате многу работи, со цел да го добиете вниманието од спротивната страна. Постарите Лавови ќе бидат посклони кон влегување во тајни или паралелни врски…

Како е да се биде во љубовната врска со припадниците на знакот Рак>>>

 

mesecen2

Девица

Работа:

Обрнете внимание на вашите трошоци, затоа што недостатокот на финансиски средства ви претставува најголема препрека за реализирање на долгорочните планови. Третата декада од овој месец ќе ви донесе повеќе можности врзани за трговијата, козметиката и модната конфекција. Кон крајот на април треба да избегнувате работи за кои немате доволно искуство. Невработените Девици може да се вработат во некое кафуле, ресторан или пак ќе пронајдат сезонска работа. Најголеми шанси имате во областите каде има забава или работа со деца.

Здравје:

Во првата декада од овој месец ќе бидете подложни на вирусни инфекции. Постарите Девици ќе имаат тегоби со коските и ќе бидат чувствителни на временските промени. Избегнувајте да се исцрпувате и одморајте се повеќе. Кон крајот на месецот ќе се чувствувате подобро и ќе имате повеќе кондиција и сила.

Љубов:

Ако сте во врска, во почетокот на овој месец ќе бидете нерсположени и нема да имате доволно време ниту внимание за вашиот партнер. Кон средината на април вашите односи ќе се затоплат, па ќе се зближите и телесно и емоционално. Доколку сте слободни, овој месец ќе сфатите дека во вашата околина има личност која ви остава силен впечаток, но вие до сега не сте биле свесни за тоа. Во еден миг дури ќе помислте дека сте го нашле својот животен партнер…

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница

Поврзано

Back to top button