Реклама
Кожа и ноктиНокти

Маникир – трендови за лето 2016

Реклама

Кои бои на нокти се популарни ова лето

Според светските дизајнери, но и од она што го видовме на модните писти, ова лето во центарот на вниманието се морнарската сина и зелената ментол боја. Покрај нив сезонава ќе ја одбележат и белата, пастелно жолтата и виолетовата, потоа црвената (речиси сите нијанси на неизбежната црвена боја), розовата, па дури и обичната зелена боја. Исто така популарни ќе бидат и францускиот маникир и „омбре“ техниката, како и сјајот на ноктите (да, ова е хит дури и во летните месеци!) а во мода се и шарените верзии, како и цртаните нокти. Што се однесува до мотивите, не треба да се грижите – изборот навистина е голем и разновиден, а и самото лето претставува посебна инспирација за Nail Art професионалците.

Маркетинг

Морнарска сина

Во прашање е интензивна нијанса која може да биде и малку потемна, но не тегет. Ноктите во оваа боја се впечатливи и лесно можете да ги комбинирате со останатиот дел од вашиот аутфит. Кај синиот лак важна е добрата пигментација и да не се гледаат линиите, но и да внимавате да биде рамномерно нанесен на ноктите.

Маркетинг

Ментол боја

Да, овие нијанси можеби се најпопуларните за ова лето, особено за оние девојки кои се отворени за нови искуства и предизвици. Ментол бојата убаво изгледа на ноктите и ги прави рацете да изгледаат младешки.

Вечната црвена боја

Како и кај кармините, ова лето во мода се црвените нијанси со портокалови подтонови и во преубавата боја на црешите. Тука секако не треба да ги заборавиме и летните корални нијанси кои исто така се хит оваа сезона.

Нежни розови нијанси

Розовите лакови за нокти се движат околу нежната розова боја но можат да имаат повеќе розов пигмент но да не се интензивни. Оваа боја на рацете и дава женственост и понежен изглед и е една од омилените на многу девојки.

Виолетови нијанси

За разлика од кармините (во мода се потемните нијанси), виолетовите лакови за нокти се ИН оваа сезона и тоа од нејсветлите до најтешките нијанси.

НАШ ПРЕДЛОГ

Наш предлог за ова лето е да ги пробате новите нијанси од комплетот Studio – 3 Step Manicure System од познатиот козметички бренд Seventeen. Станува збор за долготраен маникир во три чекори и во тренди  бои во кои ќе се вљубите на прв поглед. Комплетот дава совршен резултат со двапати поголема трајност, исклучителен сјај и значително намалување на времето кое ви е потребно за сушење на лакот.

Се користи така што најпрво се нанесува прајмерот STUDIO Chip Resist што ја израмнува површината на ноктот и ја зголемува и отпорноста на ноктите и траењето на маникирот. Потоа со специјално дизајнираната четка нанесете два слоја од лакот за нокти The STUDIO Rapid Dry Lasting Color во вашата омилена боја за ова лето која ќе одговара со бојата на вашиот кармин и која ви гарантира совршен резултат и екстра брзо сушење. И на крајот, заштитете ја бојата со безбојниот лак (the STUDIO Rapid Shield Top Shine) кој дава екстра сјај и овозможува маникирот да трае двапати подолго.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button