Реклама
Нега и здравје

Манастирски рецепт со кој ќе направите лек против инфекции

Реклама

 Направете лековит тоник и подобрете го своето здравје на природен начин.

Рецептот за овој лек потекнува уште од средновековна Европа и делува како антибиотик. Овој лек исто така има и силно антивирусно и антигабично дејство, и ја зголемува циркулацијата на крвта и лимфата во сите делови на телото. Се покажал и како многу делотворен и за справување со кандидата.

Маркетинг

Тајната е во моќната комбинација на квалитетните природни и свежи состојки!

Напомена: можете да носите ракавици во текот на подготовката, особено при „обработката“ на лутата пиперка. Бидете внимателни, таа има многу силен мирис што може да ги стимулира синусите.

Маркетинг

Состојки

700 мл. свеж јаболков оцет
¼ шолја ситно исецкан лук
¼ шолја ситно исецкан кромид
2 свежи лути пиперки (бидете внимателни во чистењето, најдобро носете ракавици)
¼ шолја изрендан ѓумбир
2 лажички изрендан рен
2 лажички куркума во прав или 2 парчиња корен од куркума

Подготовка

Ставете ги сите состојки во еден сад, освен оцетот, и измешајте ги. Добиената смеса префрлете ја во тегла. Најдобро е 2/3 од теглата да се наполни со сувите состојки, а останатото да се дополни со оцет. Затворете добро и протресете.

Чувајте ја теглата на суво место 2 недели. Промешувајте ја содржината неколку пати на ден. По 14 дена, истискајте ја добро и процедете ја течноста низ газа.

Тоникот не треба да се држи во фрижидер.

Совет: може да се користи и во подготовката на јадења. Измешајте со малку маслиново масло и користете го како прелив за салата или додадок во јадењата.

Дозирање

Не разблажувате го во вода, бидејќи тоа ќе го намали ефектот. Земајте по една лажица секој ден за да го зголемите имунитетот. Постепено зголемувајте ја дозата за да достигнете максимум од една мала шолја дневно.

Пред употреба на природни лекови консултирајте се со доктор.

Извор: lijekovitirecepti.com

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button