Реклама
Новости

Маица која ќе ви објасни зошто Викторија Бекам никогаш не се смее!

Реклама

Познатата дизајнерка позната е и по тоа дека никогаш не се смее!

Е сега, не дека ама баш никогаш ја немаме нејзината насмевка, но факт е дека најчесто ја гледаме зад големи очила за сонце, но и со сериозен израз на лицето. А жената чии креации ги обожаваат жените од целиот свет, со една интересна маица ни откри зошто е тоа така. „Модата ми ја украде насмевката“ стои напишано со големи црни букви на обична бела маица со кратки ракави која Викторија ја носеше со широки, сини панталони кои се еден од најголемите пролетни модни трендови.  „Се смеам од внатре и на моите семејни фотографии. Кога сте во состојба постојано да ве следат папараци, па дури и кога одите по улица, навистина е глупо ако постојано се смешкаш“, изјави таа пред неколку години во едно интервју. Таа тогаш откри и дека токму прашањето зошто не се смее и е едно од најлошите прашања што и го поставуваат.

Маркетинг

Инаку, маицата е од нејзината сопствена лимитирана колекција која е промовирана и на нејзиниот Инстаграм профил, а доколку и вие сакате да ја имате во вашите плакари, за неа треба да издвоите 115 евра.

Маркетинг

 

Па, дали ви се допаѓа оваа маица?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button