Реклама
Хороскоп

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА 2016: Кому ѕвездите ќе му донесат минлива врска, на кого добар провод, а кому брак

Реклама

Можеби оваа година се надевате на (подобра) работа и повисока плата, или едноставно, посакувате здравје, но кога станува збор за астрологијата, повеќето се заинтересирани за љубовта. Прочитајте што ѕвездите предвидуваат за секој знак посебно во 2016 година.

love2016 first

Вивиен Ли како Скарлет О’Хара во филмот „Однесено од виорот“

Маркетинг

ОВЕН (21 март – 20 април)

Маркетинг

Овните се доста активни во потрага по љубов, но потрагата ретко кога е плодна, бидејќи многу бараат. Но, тоа што се пребирливи, никако не може да ги спречи да си ги исполнат желбите. Оваа година, љубовта нема да дојде лесно, но извесен предизвик никогаш не му смета на Овенот. Напротив.

БИК (21 април – 20 мај)

Биковите сакаат некој кој е доволно силен да им се обезбеди сигурност. Ценат сè што другата личност внесува во врската. Со трпение какво што само Бикот може да има, ќе го запознаваат партнерот пред целосно да му се предадат. Оваа година Биковите ќе се обидат со нова стратегија за да го запознаат идеалниот партнер.

БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни) 

Овие вљубеници во разговори се во потрага по некој кој со кого може да комуницираат јасно. Исто така, ги привлекуваат и интелигентните што имаат широк интерес. За жал, поради нивната љубопитност тешко им е да изберат и лесно се премислуваат. За среќа, оваа година љубовта им е наклонета на Близнаците. Оваа година токму за Близнаците е најверојатно дека ќе се венчаат до крајот на годинава или ќе почнат да очекуваат принова.

РАК (21 јуни – 20 јули)

Овие емотивци ја следат својата интуиција, па ако запознаат некого за кого ќе осетат дека вреди, ништо нема да ги спречи во тоа врската навистина и да функционира. Сепак, тие се затворени во оклопот и прилично се избирливи околу тоа со кого ќе излезат. Нивната доверба треба да се освои. Можеби понекогаш делуваат темпераментно, но нивната љубов е постојана и длабока. Оваа година Раковите ќе бидат полни со оптимизам и со многу самодоверба ќе се отворат со цел да го запознаат партнерот.

ЛАВ (21 јули – 21 август)

Лавовите се неверојатно дарежливи кога станува збор за врски. Оние кои се доволно среќни да завршат во врска со Лав, знаат дека ниту еден друг партнер не ги опсипал со толкава љубов и внимание. А како што бараат обожување и безусловна верност, така и тие самите се лојални партнери. Сè додека врската трае. Оваа година, Лавовите треба да забават малку и да не менуваат партнери толку често. За да додјат до љубовта на својот живот, треба да вложат малку повеќе време во запознавање на партнерот.

ДЕВИЦА (22 август – 22 септември)

Тие се познати по нивната потреба за анализирање, па на „прва“ се крајно критични. Но, тоа е само затоа што се логични, а, освен тоа, не се отвораат лесно. На почетокот, го набљудуваат и проценуваат партнерот. Но, еднаш штом ќе го положи тестот на Девицата, партнерот ќе ја види и осети топлата страна на овој „ладен“ знак. Оваа година, Девицата ќе сретне некој кому ќе се отвори, а оние кои веќе се во врска ќе постигнат нешто значително заедно со својот партнер.

ВАГА (23 септември – 22 октомври)

Сакаат да држат рамнотежа меѓу љубовта и работата. Затоа секогаш се трудат да останат цврсто на земја, односно не дозволуваат љубовта да ги понесе. Од партнерот првенствено бараат вистина, но штом еднаш ќе „намирисаат“ лага, тешко е да се поврати нивната доверба. Оваа година, страста и шармот им гарантираат дека ќе ги остварат своите љубовни планови.

ШКОРПИЈА (23 октомври – 22 ноември)

Шкорпиите секогаш имаат цел. И порано или подоцна ќе ги остварат. Врската со Шкорпиите може да биде малку фрустрирачка, бидејќи не делуваат како да се подготвени за компромиси. Но, со малку трпение и разбирање, Шкорпијата може да стане лојален и внимателен партнер. Оваа година ќе биде доста страстна за Шкорпиите. Додуше, на Шкорпиите секоја година им е страстна.

СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)

Овој знак, пред сè, цени партнери кои го интригираат неговиот ум. Ништо не е толку секси како интелигенцијата. Иако нивните врски се често полни со подеми и падови, тие се вечни оптимисти – убедени се дека или ќе најдат решение за проблемите или ќе најдат некој друг. Оваа година, Стрелците ќе чувствуваат значителна неизвесност кога станува збор за било што во однос на љубовните врски. Но, благодарение на нивната рационалност, сè ќе успеат да решат.

ЈАРЕЦ (22 декември – 20 јануари)

Знаат да бидат доста доминантни во врските. Но, исто така, знаат да бидат вредни и практични, па напорно ќе работат за својата љубовна цел. Оваа година, најголем предизвик за Јарците ќе претставува емоционалната стабилност. Ќе мора да се потрудат врз нив да не влијае некој за кого и самите чувствуваат дека не се достојни за нивната енергија и време. Може да чувствуваат немир и нетрпеливост по неколку неуспешни обиди и излегувања, но оваа година секако ќе треба да ги стават своите потреби над туѓите.

ВОДОЛИЈА (21 јануари – 19 февруари)

Водолиите се великодушни и несебични и, по правило, се грижат за партнерот. Но, нивната грижа досега многу подалеку – тие се вистински филантропи и сакаат крај себе некој кој ќе ги поддржи додека им помагаат на другите. Покрај тоа, бараат некој од кого може да научат нешто и кој ќе ја „храни“ нивната љубопитност. Оваа година е вистинското време Водолиите да се поврзат со нов круг на луѓе и конечно да си ја пронајдат својата сродна душа.

3d star

РИБИ (20 февруари – 20 март)

На најкреативниот знак во Зодијакот му е потребен партнер кој во нивните навидум слатки романтични потези ќе видат визионери какви што, всушност, навистина се Рибите. За жал, честопати се двоумат кога станува збор за врски, бидејќи не сакаат да повредат никого во својата близина. Затоа, Рибите обично завршуваат со некој кој е отворен и голем комуникатор, со некој кој им помага да ги искажат своите длабочини. А оваа година, Рибите ќе имаат среќа.

Големиот годишен хороскоп за 2016 година ве чека овде, а за месечениот за март, кликнете тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button