Реклама
Uncategorized

Највкусниот начин за да ја изгаснете жедта на овие температури? Па, леден чај, секако!

Реклама

Денес ви предлагаме леден чај од роибос, растение кое е богато со нутриенти, а чајот вкусен, здрав и пред се ниско калоричен.

Маркетинг

Според истражувањата постојано консумирање на чаеви го намалува ризикот од Алцхајмеровата болест и дијабетес, а воедно ги прави и вашите заби да бидат поздрави и да имате посилна коска. Чајот е богат со антиоксиданси – флавоноиди кои се најсилни кога чајот е свежо подготвен. Од друга страна пак, со ледениот чај можете и да заштедите пари, да ги контролирате калориите со ограничени количини на засладувачи, или пак воопшто да не ги користите (за разлика од газираните сокови!), како и да избегнувате конзерванси кои се штетни по вашето здравје.

Зошто да изберете роибос?

Маркетинг

Овој чај е богат со ретки антиоксиданти – аспалатин и нотофангин. Покрај ова обилува и со минерали железо, калциум, калиум, бакар, флуор, манган, цинк и магнезиум. Тој е богат со антиоксиданси и полифенили, го спушта холестеролот и триглициридите, делува против алергии и грчеви, има антивирусно и антибактериско својство, ве ослободува од стрес, го контролира хипогликемијата и ја подобрува апсорбирањето на хранливите состојки

Како да го подготвите?

До пет лажички од овој чај прелијте со еден литар жешка вода и потоа, по 8-10 минути, процедете. Потоа додадете мед по желба, изладете го два-три часа во фрижидер, ставете мраз во чашите или стаклен бокал, сипете, декорирајте со пар листови ментол (или пак, со неколку јагоди!) и послужете.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button