Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Кој вид храна најмногу им одговара на Близнаците, а кој на Скорпиите?

Реклама

Најверојатно веќе знаете кои намирници се здрави и кои треба да ги јадете според вашата крвна група. Но, астрологијата ни нуди и еден забавен начин да проверите дали ѕвездите ви „погодиле“ какви намирници сакате и колку уживате во нив. Еве што вели хороскопот за прехранбените навики на Близнаците и Скорпиите.

ФОТО: unsplash.com

Близнаци

На Близнаците им се потребни две работи за да останат во рамнотежа: социјален контакт и време само за нив. Овој знак обожава да јаде во друштво, а кога е под стрес, тогаш му е потребна храна за да го утеши.

Ако сте Близнаци, тогаш во друштвото најверојатно преферирате мали сендвичи, затоа што немате време за многу храна со разговорот. Уживате во фини меѓуоброци со овошје и зеленчук, а во вашиот фрижидер секогаш би требало да се наоѓа супа, но и вино.

Маркетинг

Скорпии

Храната за Скорпиите е нешто посебно. За нив, секој оброк е посебно искуство. Исто така Скорпиите се подложни и на емоции кога е во прашање храната, што значи дека јадат што сакаат и кога сакаат, не оптеретувајќи се со количината и внесот на калории.

Сепак, она на што треба да внимаваат личностите родени во овој хороскопски знак е да јадат умерено. Тие ценат намирници со богат вкус, кој ќе им остават длабок и пријатен впечаток, како што е чоколадо, габи или тиква.

Маркетинг

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button