Реклама
Кафе муабет

Кои теми ги избегнуваат мажите?

Реклама

Ова се темите за кои мажите многу тешко се согласуваат да разговараат:

Поранешните партнери

Маркетинг

Мажите не го сакаат овој разговор бидејќи од една страна мораат да слушаат за тоа со колку партнери сте биле претходно, какви биле тие и зошто ве разочарале. Од  друга страна знаат дека после ќе следува прашањето и за нивните минати врски и се плашат дека по разговорот ќе бидете љубоморни на поранешните девојки.

Дефинирање на врската

Маркетинг

Сериозниот разговор за тоа во кој стадиум се наоѓа вашата врска и колку е таа сериозна е едноставно нешто кое вашиот партнер го наведува да мисли дека вие на некој начин се обидувате да ја ограничите неговата слобода и да го врзете за себе.

Заедничко живеење

Мажите доста внимаваат кога станува збор за ваквиот вид на разговор затоа што доколку одговорот е негативен, знаат дека ќе бидат сфатени како недоволно сериозни во однос на врската и дека големи се шансите дури и да дојде до прекин на истата, иако тие не го сакаат тоа.

Брак

За еден маж тоа би значело засекогаш да се откаже од други жени, вашето семејство да биде и негово, да се помири со тоа дека ќе почне да старее, да има деца. Сето ова е доволно да сфатите зошто мажите секогаш ја избегнуваат оваа тема.

Деца

Децата значително го менуваат начинот на живот што за еден маж значи дека нема веќе толку слободно време за одмор, дружење и излегување со пријателите… Доаѓањето на детето значи куп нови обврски кои ќе мора да се поделат меѓу вас двајца, а мажите штом слушнат за зборот нови обврски едноставно реферираат да не зборуваат за тоа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button