Реклама
Хороскоп

КАКО ДА ИЗБЕРЕТЕ ВИСТИНСКИ ПОДАРОК: На Овенот подарете кожен ремен, на Вагата секси долна облека…

Реклама

Се приближуваат празниците, па време е да мислите што ќе им подарите на најблиските.

За да не губите драгоцено време, овој астролошки водич може да ви помогне. Секој астролошкиот знак има своја боја и одредени специфики.

Маркетинг

ОВЕН

Црвенаб боја ги привлекува Овните како магнет, бидејќи е блиска на нивниот енергичен темперамент. Најмногу ќе им се допадне црвена или црна кошула, кожна галантерија, а марамите, капите, шаловите и ракавиците нека бидат  портокалови или со впечатливо шарени комбинации. За подароци изберете ведри и отворени нијанси, без разлика дали станува збор за облека или накит. И девојките и жените во овој знак сакаат интензивни парфеми, особено мирис на килибар и мошус, а за шминкање им се омилени топли и силни бои. На машкото-Овен може да му подарите актовка, кожен ремен или часовник.

Маркетинг

БИК

Биковите се познати гурмани и љубители на слатки, па со квалитетна бонбониера никогаш нема да погрешите. За жените се препорачува моќен цветен парферм, а за машките сет за бричење. И едните и другите ги интересира готвењето, па затоа добар избор е и книга-готвач. Тој ќе биде воодушевен од вратоврска, убава шал, кожен паричник, а неа ќе ù се допадне кутија за накит, свилена марама, козметичка торбичка или пристоен ѓердан.

БЛИЗНАЦИ

Немирните Близнаци се вечни деца и подарокот треба да им биде забавен. Колку пооткачено, толку подобро. Ако сте се одлучиле за некоја полуксузна верзија за неа, ќе ù се допаднат унисекс парфеми или мирис на ванила. Тие обожаваат козметички производи, па колекцијата за нега на лице и тело е она што за неа никогаш не е доволно. Машките Близнаци изненадете ги со футрола за очила, симпатична фигура за ретровизорот на неговиот автомобил, приврзок за клучеви, мобилен телефон или таблет.

РАК

Најубавиот подарок за емоционалните Ракови е љубовна книга. Букет бели рози дефинитивно ќе ја импресионира припадничката на овој знак, бидејќи неговата форма и силен мирис се во согласност со нејзината романтична природа. Бидејќи нивната боја е бела, таа нека доминира и во накитот. Ѓердан од вештачки бисери или бижутерија од сребро ниту една жена од овој знак нема да ја остави рамнодушна. На машките припадници на овој знак ќе им се допадне книга (особено ако е за здрав живот), фото-албум и друштвени игри како шах, а од облека шал или вратоврска.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2 3Следна страница

Поврзано

Back to top button