Диети

Што јаде и како ја одржува витката линија познатата трендсетерка Оливија Палермо

Реклама
Реклама

Прочитајте ги фитнес навиките и триковите за слабеење на Оливија

Оливија Палермо има беспрекорна линија за која вели дека е виновна органската исхрана и таканаречената „бикрам“ јога. Дознајте го начинот на нејзината исхрана но и останати трикови со чија помош оваа прекрасна жена и успешна бизнисменка изгледа совршено.

Маркетинг

Познатата трендсетерка и нејзиниот сопруг Јоханес Хибл се хранат здраво и најчесто јадат органска храна богата со интегрални житарици. Таа признава дека никогаш не е на строга диета, но дека ги следи принципите на здравата исхрана. Најмногу консумира здрави намирници како суши, риба и морски плодови, а оброците ги збогатува и со многу зеленчук, додека ручеците ги завршува со овошје како десерт. Нејзе најголем порок и се јаглехидратите со кои одвреме-навреме ќе се почести, но внимава најчесто да ги користи паметните намирници кои работат за неа, а не против неа, т.е. и ја даваат потребната енергија наместо да и ја одземаат за да бидат разградени во организмот.

Маркетинг

Јапонска диета со која за само две недели ќе ослабите до 7 килограми >>

Оливија сака да јаде и благо, но го јаде само во посебни пригоди. Бидејќи постојано купува органска храна, вели дека не сака да им ги уништува драгоцените нутриенти па се обидува термички минимално да ги обработи. Во принцип најмногу јаде морски плодови кои ги вари само на пареа и кои и даваат големо количество Омега 3 масни киселини. Покрај тоа јаде и сиров зеленчук, а најубавата ужина меѓу главните оброци и се органските житни плочки или грицкање јаткасти плодови. Наутро за појадок најчесто пие смути од органско овошје и зеленчук, додека за ручек најмногу сака да јаде салата без глутен и супа од зеленчук, а потоа како десерт јаде свежо органско овошје. Меѓу оброците трендсетерката знае да се почести со пудинг од свежо овошје, додека за вечера најчесто јаде риба со зеленчук.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница

Поврзано

Back to top button