Реклама
Секс

Тројка во креветот, а не сте Сулејман

Реклама

Постои ли машко на оваа наша луда планета кое не сонува за тројка во неговиот кревет?

Маркетинг

Секое машко барем еднаш во животот во својата фантазија замислувал како има секс со 2 девојки истовремено, но многу малку мажи успеале да го менаџираат ова во вистинскиот живот (тука не влегува ниту еден лик од Сулејман Величествениот!). Сите останати ги задоволуваат овие свои фантазии гледајќи слични сцени на ТВ (и ова не се однесува на Сулејман Величествениот!).

Ниту едно машко кое не е во врска нема да одбие секс со две девојки, а постојат и еден куп мажи кои постојано, но неуспешно, се обидуваат својата девојка да ја убедат на групен секс. Но, нормално, жените секогаш се противат на ваквото сексуално икуство – 9 од 10 девојки ќе речат не (ова „не“ сватете го како шлаканица, а во најлош случај – клоца!) кога машкото ќе посака да внесат некоја трета, „маргинална“ личност во нивниот сексуален живот. Но, јас навистина сум им љубоморен на сите оние фраери кои што ја имаат 10-та, онаа со отворени сваќања и спремна за тројка. Па, доколку сте таков среќник, веднаш преминете на акција, бидејќи може да ви се случи таа да се предомисли.

Маркетинг

Најпрво што треба да го направиш е да ја најдеш вистнската кандидатка за оваа улога. Секако дека најдобро би било ова да го направите заедно, па дури да дозволиш таа самата да одлучи. Во спротивно можеш да бидеш обвинет за афера со девојката што сакаш да ја приклучиш во вашиот сексуален живот. Како и да е, доколку твојата девојка самата ја одбере кандидатката, тогаш вие и двајцата ќе се чувствувате пријатно додека таа е во ваша близина: вие – затоа што се работи за уште една девојка; таа – затоа што самата ја избрала.

Опцијата твојата девојка да ја избере девојката за вашиот нов сексуален предизвик (ух.. ама добро звучи ова) и не е така лоша работа. Тоа значи дека таа сепак има БИ афинитети и дека целиот муабет го има разбрано сериозно. Како резултат на ова вие загарантирано ќе бидете сведок на некои жешки лезбејски сцени во текот на процесот. Но, лезбејските сцени и да не бидат во менито, сепак ќе уживате во присуството на друга жена во вашиот кревет без, притоа, да се обвинувате себеси поради измама.

Една ваква мала промена во вашиот сексуален живот може да внесе голема свежина, особено ако се работи за пар кој веќе долго време е заедно и романтиката им е избледена. Една ваква сцена во ниниот живот може повторно да го поврати процесот и живоста на нивната врска, а доколку пак, на вашата партнерка и се допадне ова, тогаш тројката може да стане регуларна вежба за вас и за вашиот однос. Како и да е, во најголемиот број случаи не постои маж кој што би одбил секс со две жешки девојки, па зошто тогаш да ги одбивате вашите природни желби. Можеби токму ова мала сатисфација ќе ја донесе големата промена во вашиот сексуален живот што вие за целото време сте ја чекале. Можеби токму ова е вашата претстава за рајот и вие веќе сте зачекориле во него.

Од друга страна пак, никако не смеете да заборавите дека и вашата партнерка има сексуални фантазии и дека е многу голема веројатноста и таа да сака тројка, но малку поинаква од она што го замислувате вие. Што значи дека доколку сте ја прифатиле играта, вие истовремено сте го прифатиле и ризикот вашата девојка да води љубов пред вашите очи – со друг претставник од вашиот пол (ова и не звучи баш така „романтино“, нели?!). Па, доколку немате проблеми со ова.. или пак вашите желби за тројка се толку големи што би преминале преку се, па и преку вашето мало достоинство.. тогаш започнете го процесот. Доколку не знаете како, почнете од Сулејман величествениот. Почнете го муабетот за него, за неговиот харем, за неговиот сексуален живот… Среќно!

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine бесплатно на Facebook!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button