Диети

Како најбрзо до рамен стомак со помош на храна

Реклама
Реклама

Ако се чувствувате лошо поради подуениот стомак, а згора на се, ви претстои некој важен настан за кој сакате да се чувствувате убаво и да изгледате убаво, не очајувајте – проблемот може да се реши за многу кратко време и тоа со помош на прехрамбени намирници и зачини.

Во продолжетокот на текстот прочитајте како.

Не дозволувајте подуениот стомак да ве фрли во депресија и да ви ги расипе плановите да носите тесен фустан во сабота навечер.
Многу девојки се соочуваат со сериозен проблем кога треба да облечат тесен фустан или панталони и кратка маичка, а стомакот им изгледа како да голтнале лубеница.

Маркетинг

Не се нервирајте, прочитајте ги следниве совети кои ќе ви помогнат да го надминете овој проблем и да се чувствувате одлично.

Лимонада

Маркетинг

Свежо подготвената лимонада ќе ви помогне дури и да имате само неколку часа на располагање пред важниот настан. Водата со исцеден лимон е одличен лек за подуеност.

Лути зачини

Лутата пиперка и биберот го поттикнуваат варењето, ја намалуваат подуеноста и делуваат против грчеви. Можете едноставно да додадете една кафена лажичка бибер во пијалак по ваш избор и ќе имате одлични резултати.

Куркума

И куркумата, како и биберот, врши детоксикација на организмот. Можете да набавите куркума во прав и да додавате по една кафена лажичка во пијалак по ваш избор – вода, чај, сок или смути пред некој важен настан на кој сакате да изгледате убаво.

Кокосова вода

За хидратација на телото и исфрлање на отровите кои предизвикуваат подуеност морате да пиете многу течности, пред се вода, но и кокосова вода, која поради своите хранливи состојки делува подобро од обичната вода.

Ѓумбир

Без разлика дали го користите во форма на чај или го додавате во свеж сок или смути, ѓумбирот ќе ви помогне да добиете рамен стомак за многу кратко време, а исто така ги намалува и менструалните болки и грчевите.

Чај од мента

Како и чајот од ѓумбир, така и чајот од мента е одлично средство за намалување на подуеноста. Пијте повеќе вода, кокосова вода, чаеви од ѓумбир и нане и за брзо време ќе го израмните стомакот.

Шпаргла

Шпарглата е природен диуретик кој ќе ви помогне да се ослободите од подуеноста неколку часа пред настанот. Внимавајте да не ја консумирате во комбинација со сол, бидејќи токму солта предизвикува подуеност!

Спанаќ

Спанаќот ја намалува подуеноста во желудникот затоа што ги турка влакната во дигестивниот тракт. Можете да го консумирате свеж, во смути, заедно со претходно наведените намирници и сигурно нема да имате проблем со закопчувањето на фармерките!

Извор: wall.hr

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button